Снабдувањето со електрична енергија е редовно

Граѓаните не треба да стравуваат: струјата нема да поскапи и нема да има рестрикции!

Како што појаснуваат од ЕЛЕМ сите расположливи капацитети за производство на струја се ставени во погон,а цената на увозната струја ќе се нивелира со нивната продажба на струја што се реализираше во ноември и декември 2016 година

Во Македонија нема да има рестрикции на струја бидејќи снабдувањето со електрична енергија за потрошувачите, односно домаќинствата и помалите компании на пазарот за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со нивните потреби.

Како што информираат од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) снабдувањето е редовно и целосно, а струјата се обезбедува главно од домашно производство, но во одредени периоди од денот кога е најголема потрошувачката се дополнува од увоз на струја од регионалните држави.

Од кога стартуваше ладниот бран во земјава, со температури пониски за 15 целзиусови степени пониски во однос на просекот во изминативе пет години потрошувачката на електрична енергија во земјава е зголемена околу 30%.

Како што информираат од ЕЛЕМ сите расположливи капацитети за производство на струја се ставени во погон, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија кои компанијата редовно ги објавува на својата веб-страница се обезбедени на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од Регулаторната комисија за енергетика.

- И понатаму внимателно се следи потрошувачката на електрична енергија и се приспособува производството од домашните капацитети во согласност со потребите на потрошувачите на регулираниот Пазар - се вели во соопштението на енергетската компанија.

Тие појаснуваат дека временските услови од кои се погодени земјите од Југоисточна и Централна Европа, зголемената побарувачка и потрошувачка, како и застојот на повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од Централна Европа директно влијаат и на цените на електричната енергија.

Цената е поскапа и се движи од 150 до 219 евра за мегават-час, но сепак тоа нема да ја зголеми цената на електричната струја што ја плаќаат граѓаните.

Од ЕЛЕМ потврдуваат дека набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата, но и за малото стопанство.

- Негативните финансиски импликации во целост се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоци на електрична енергија што ЕЛЕМ ја реализираше во ноември и декември, како и од вишоците што компанијата ќе ги реализира во наредниот период. Средствата за таа намена компанијата во целост ги обезбеди од сопственото работење - потврдуваат од ЕЛЕМ.

Со тоа се демантираат сите шпекулации во јавноста што деновиве се пласираат од страна на опозицијата дека увозната цена ќе ја зголеми цената на струјата.

 Грција пред воведување на рестрикции

За разлика од нас соседна Грција деновиве е во енергетска криза и воведе забрана за физички трансакции и го исклучи далноводот кон Македонија, односно не дозволи транзит на енергија.

- Истовремено и соседна Бугарија ги разгледувала опциите за затворање на сопствената интерконекција кон соседните земји - посочуваат од АД ЕЛЕМ.

Енергетски експерти, пак, дообјаснуваат дека тоа нема да влијае на влошување на нашата состоја бидејќи главниот увоз на струја се реализира преку двата далноводи со Србија.

Овие состојби дека нема да влијаат на енергетската состојба во земјава, потврди и првиот човен на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев, кој пак посочи дека дека состојбата во регионот постепено се стабилизира, потребите од струја се намалуваат, односно дека веќе на пазарот се побарува 500 мегавати помалку електрична енергија.

Анѓушев деновиве посочи дека не само што не работи третиот блок на РЕК Битола во земјава, со слични проблеми се соочуваат и другите земји во регионот како Бугарија и Унгарија каде што исто така не работат неколку клични капацитети кои произведуваат струја, Токму тој момент влијаеше понарувачката за електрична енергија да порасне и цената на берзата да се зголеми.

Што се однесува за актуелната цена на струјата, Ангушев потсетува дека таа ја одредува Регулаторната комисија за енергетика, односно еднаш годишно се врши нивелирање на цената на струјата. Според него може да нема зголемување на цената акоу се изнивелира со извозот на вишокот на струја.

 Пред пет години имаше енергетска криза

Пред пет години во февруари 2012 година во земјава заради ниските температури и недостатокот на потребната количина на струја од увоз, од страна на тогашната Влада беше прогласена енергетска криза. Како што потсетуваат експертите кризата не донесе ниту рестрикции за граѓаните, ниту пак зголемување на сметките за струја.

Причина за прогласување на кризата е што тогаш земјите од кои Македонија уврзуваше струја го стопираа нивниот извоз.

На тогашната вонредната владина седница се донесоа неколку мерки за штедење. Дел од мерките беше забрана на извоз на струја, исклучување на сите светлечки реклами, редуцирање на осветлувањето на улиците, плоштадите, излозите и спомениците и забрана за употреба на електрична енергија за дополнително загревање. Исто така се забрана да се употребуваат греалки за додатно загревање, како што се додатните греалки што се користат по кафулињата надвор.

Тогашниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, ја информираше јавноста дека ако не се добијат соодветни понуди за увоз на струја подготвени се да ја стават во фунција ТЕЦ Неготино, која се чува како ладна резерва во случај на вакви недостатоци на електрична енергија.

Термоцентралата работи на мазут и производството на струја во просек е по цена која во моментов се увезува од берзата.

Термоелектраната Неготино последен пат беше вклучена во електроенергетскиот систем на земјава во февруари 2008 година.

(В.Ма.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари