Германските железнички компании итно бараат работници и нудат плати над 2.000 евра

Во Германија во моментов во тек е вистински „бум“ кога е во прашање приватизацијата на железницата. Имено, покрај државната железница Deutsche Bahn (DB), во моментов има уште околу 300 приватни компании кои се вклучени во железничкиот сообраќај, како патничкиот, така и товарниот.

На пример, во Штутгарт следната година поголемиот дел од регионалните пруги и патничкиот сообраќај ќе преземе компанијата „Go-Ahead“ (Bahn).

Сите овие приватни компании имаат една заедничка работа – итно бараат работници како инженери и кондуктери.

Така, од Deutsche Bahn во Минхен итно бараат од 50 до 100 кондуктери, пренесуваат регионалните медиуми. Исто така Metronom, Agilis, ODEG, Länderbahn, Go-Ahead и многу други превозници бараат кондуктери и инженери.

Курсот за кондуктери трае три месеци, додека за инженери и контролори на шините трае осум месеци. Бруто платата на кондуктерите во северниот дел на Германија е околу 2.050 евра, додека на југот на Германија околу 2.650 евра.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари