Нова црна листа на УЈП

Фирми, граѓани и јавни претпријатија на државата и должат вкупно 230 милиони евра

Фирми, граѓани, јавни претпријатија, вкупно 4.425, се најдоа на најновата петта по ред оваа година листа на должници, која секој месец ја објавува Управата за јавни приходи. 

Тие на државата ѝ должат вкупно 230 милиони евра за неплатен ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход... 

Најмногу должи охридскиот текстилен гигант АД Отекс. Долгот изнесува околу 11 милиони евра. Од државните претпријатија, најмногу должи Јавното претпријатие „Македонија пат" кое за ДДВ и данок на добивка има за плаќање седум милиони евра. 

На црниот список е и фирмата на Велија Рамковски „Хедис" чиј стечај е завршен, но и останал долг од 2,5 милиони евра за неплатени даноци.

На листата на дол<ници се ставени фирми и граѓани кои имаат долгови доспеани до 31.01.2017 и неплатени до 30.04.2017 година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

За да се објават на листата физичките лица треба да имаат вкупен долг над 120.000 денари, а правните лица најмалку од 300.000 денари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари