Добиено одобрение

„Епл" ќе гради центар за податоци во западниот дел на Ирска

Компанијата „Епл" доби одобрување од ирското правосудство за изградба на центар за податоци во западниот дел на Ирска.

Претходно, градбата беше запрена во период од 2,5 години поради жалбата на активистите за заштита на животната средина. Виш суд во Ирска ја отфрли жалбата на три лица кои изразија загриженост поради евентуалното негативно влијание на околните шуми, бидејќи зградата од 166 илјади метри квадратни ќе биде изградена во близина на шумата Галвеј.

Поврзани

Најнови вести

Коментари