И покрај реакциите на владата

ЕЛЕМ го распиша тендерот за топлификација на Битола

АД ЕЛЕМ го објави тендерот за изградба на систем за топлификација на Битола. Во германските медиуми се бара инвеститор кој ќе ја гради трасата во должина од 12,6 километри, почнувајќи од јануари 2018 та година.

АД ЕЛЕМ го објав тендерот за изградба на систем за топлификација на Битола. Во германските медиуми се бара инвеститор кој ќе ја гради трасата во должина од 12,6 километри, почнувајќи од јануари 2018 та година.

Објавата доаѓа и покрај барањето на вицепремиерот за економски прашања Кочо  Ањѓушев јавните повици да бидат веднаш стопирани, затоа што покрај од Управниот одбор , треба да бидат одобрени и од Владата.

Но директорот на Електрани на Македонија Христијан Мицковски веќе во неколку наврати објасни дека станува збар за проекти од кои корист ќе имаат граѓаните, а постапката за тендерот е почната и законот е сменет уште во декември 2015 та година.

Проектот е вреден 46 милиони евра, од кои 39 се кредит од КФВ банката, а останатите 7 од државните електрани.

-Со изградбата на топлификација за Битола има  можност за приклучување на соседните општини Новаци и Могила,а  ќе се искористи отпадната топла вода во процесот на производство на електрична енергија во РЕК Битола за загревање на домовите на граѓаните, но и за загревање на земјоделските пластеници. Овој проект не само што поволно ќе влијае на приходната состојба на компанијата, туку ќе придонесе за подобар конфор на живеење на граѓаните и за намалување на загадувањето во Битолско- изјави деновиве Мицкоски.

На ова реагираа од Владата од ресорот економија.

- Со оглед на тоа дека станува збор за задолжување, без разлика дали ЕЛЕМ се задолжува, тоа е задолжување кое го прави Република Македонија и токму заради тоа процесот мора да биде стопиран, да се иницира нова постапка и да помине низ соодветна процедура. Не би сакале ниту компанијата, ниту земјата, а најмалку граѓаните да претрпат штети заради неодговорност на менаџментот на ЕЛЕМ"- реагира вицепремиерот Анѓушев.

Чинот на објавување на тендерот и покрај повикот да се стопира, се оценува како крајно непрофесионален. Раководството на ЕЛЕМ имаше 11 години да го реалзира проектот , но тоа не се случи, реагира преку соопштение вицепремиерот. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари