Дијамант на Државна лотарија вреден 300.000 денари изгребан во Скопје

Инстант лотаријата ДИЈАМАНТ на Државна лотарија на Македонија збогати уште еден редовен играч со 300 000 денари. Дарио Мирковски од Гостивар е редовен играч на инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија.

Постојано купува и гребе најразлични инстант лозови. Овој пат на штандот на Државна лотарија на Македонија лоциран во Сити Мол, по прошетката низ молот, купил 7 инстант лоза ДИЈАМАНТ.

Претходно, секогаш самиот ги одбирал , но овој пат оставил за него тоа да го направи вработената на штандот. Откако ги изгребал лозовите не му се верувало дека има прстен вреден 300.000 денари.

Ги посети просториите на Државна лотарија и ја подигна својата добивка заедно со својата сопруга, со која ни раскажаа дека и на неодамнешната нивна свадбена свеченост побарале од гостите наместо цвеќе да им донесат инстант лозови, во кои немале поголеми добивки, но сепак изгребале вкупно 6.000 денари.

Инаку, Дарио за себе раскажува дека е пасиониран играч на инстант лотаријата и секојдневно купува грепки, но и секојдневно добива по некоја добивка. До сега добивките биле симболични, а оваа од 300.000 е прва негова позначајна добивка.

Инаку, ова е втора од 15-те добивки од 300 000 денари од инстант лозот ДИЈАМАНТ , а заедничко за двајцата добитници е што се родени на 8ми, но во различен месец.

Инаку, инстант лозот Дијамант покрај 15-те добивки од 300.000 денари, нуди и 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува.

Дијамант е најновиот член на семејството на инстант лотаријата кој е пласиран на 18.10.2017 година и веќе донесе две многу возбудливи и интересни приказни.

Поврзани

Најнови вести

Коментари