Данев: СДСМ ги задолжи граѓаните за половина милијарда евра!

Во наредните три години расипничката власт планира брутална кражба на државата и полнење на џебовите на криминалната врхушка преку задолжувања кои ќе ги враќаме сите!
Владата на Заев ова си го пиша и во фискалната стратегија до 2020 година со чија реализација ќе ја погребаат македонската економија. Во таа стратегија СДС планира да ја задолжува Македонија и долгот да ја надмине психолошката граница на долгот од 50% од БДП, соопшти Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

- Ова го покажува целото лицемерие, расипништво и неспособност на владата на СДС да управува со парите на граѓаните. Алчноста и расипништвото ќе го покриваат со нови задолжувања. СДС само до пред неколку месеци зборуваше дека Македонија е презадолжена земја и дека не смее да се помине границата од 50%, а сега гледаме дека тие планираат да ја достигнат за три години границата од речиси 60%., посочи тој.

Во својот предвиден врв во 2020 година јавниот долг ќе изнесува огромни 53.5 проценти од БДП. Се плашиме дека оваа проекција ќе биде надмината и идните генерации ќе бидат задолжени да плаќаат многу повисок долг поради неспособноста на новата Влада.

- Граѓаните веќе гледаат како за само неколку месеци оваа Власт потроши астрономски 342 милиони евра од девизните резерви на Македонија. За само неколку месеци само по основ на аукции на државни хартии од вредност ја задолжија државата за речиси половина милијарда евра.
Од тоа граѓаните не видоа ама баш никакво фајде.

Едно е сигурно, оваа влада на СДС и на Заев со својата неодговорност ја турка Македонија кон грчко сценарио и тотален колапс на целокупната економија. За сето ова еден ден ќе има одговорност и секој украден денар ќе им биде вратен на граѓаните, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари