Дали во 2018 за прв пат, по 10 години, ќе паднат платите

Есента ја паметиме и по тоа што за прв пат по речеиси десет години пензиите во просек се намалија за 400 а просечната плата за 600 денари. До крајот на годината не може да со очекуваат никакави промени на тој план, и некои нови зафати или покачување на пензиите и платите, барем не во јавниот сектор, и че биде неизвесно што ќе се случува со платите и пензиите во 2018-та. 

За догодина неколку странски инвеститори најавија преиспитување на своето работење во Македонија заради најавата за поголеми даноци, објавувањето на нивните договори со владата како и намалување или укинување на поволностите кои ги уживаат од времето на нивното доаѓање во Македонија.

Ако се погледне статистиката на државниот завод, а треба да и се верува бидејќи работи според модел и стандард на Еуростат, од 2007 до крајот на 2016-та бележиме постојано зголемување на платите. Паралелно со зголемените (номинални) плати секако се зголемуваат и трошоците на животот па на крај се добива линијата на реални плати.

Во септември 2017 просечната нето плата во Македонија изнесувала 23.229 денари, додека во мај, на пример, изнесувала 22.889 или околу 660 денари била поголема од просечната плата исплатена во септември.

Највисоки просечни плати, над 600 евра земаат вработените во секторите информации, коммуникации, фининасиски дејности и снбдување со електрична енергија, а зад нив со просечни месечни примања повисоки од 400 евра се вработените во јавната управа, одбраната и здравството. На скалилото, според висината на платата се вработените во земјоделството.

Еве во кои сектори колку изнесува просечната плата според податоците од Заводот за статистика: во секторот снабдување со струја и гас 637,6 евра, финансиски дејности 636,6 евра, информации и комуникации 612 евра, во секторот јавна управа и одбрана месечниот просек изнесува 445,3 евра а во здравството 410 евра. Вработените во градежништвото имаат просечна плата од 307,7 евра а во трговијата 354,6 евра, додека во земјоделството просекот изнесува 272 евра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари