Чешки енергетски конгломерат

ЧЕЗ сака да го продаде својот имот во Бугарија

Чешкиот енергетски конгломерат ЧЕЗ сака да го продаде својот имот во Бугарија, изјави во четвртокот претставникот на компанијата Павле Сирани, пренесува агенцијата Ројтерс. Тој додаде дека инвеститори во земјата веќе изразиле интерес да ги купат активите на ЧЕЗ.

Во јануари од чешката фирма изјавија дека го тестираат пазарниот интерес за нејзините операции во Бугарија, вклучувајќи и компанијата која во западниот дел на земјата доставува струја за повеќе од два милиони клиенти.

Сирани, кој рече дека има демонстриран интерес од страна на локалните инвеститори да ги купат активите на чешкото друштво, тој сепак посочи дека засега нема започнати разговори за ова прашање со новата влада во Софија и засега нема определен распоред за завршување на продажбата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари