Бизнисмени и политичари тешки милијарди евра во Скопје (ФОТО)

Главна ѕвезда на настанот беше поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој важи за еден од најбогатите луѓе 

Скопје денеска беше бизнис-центар на Балканот. Политичари и бизнисмени што вртат милијарди евра беа собрани во хотелот „Александар палас" по повод 95 години од Стопанската комора. Луксузни автомобили паркирани на влезот, скапи костуми, згодни хостеси, невидено обезбедување за богатите гости.

Главна ѕвезда на настанот беше поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој важи за еден од најбогатите луѓе и кој и самиот не знае што сѐ поседува. Покрај Ѓукановиќ, големо внимание предизвика и присуството на поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ, кој постарите го паметат и како последен претседател на поранешна Југославија

Тука беше и Бранко Роглиќ, хрватски милијардер, сопственик на најголемата хрватска дистрибутерска компанија „Орбико". Роглиќ поседува дури 31 јахта, но тој и неговата сопруга никогаш не се качиле на некоја од нив, туку уживаат на мало бротче на Јадранското Море.

Од домашните „фаци", по подолго време во јавноста се појави и поранешниот премиер Владо Бучковски. Од македонските бизнисмени на собирот беа присутни познатиот Свето Јаневски, кого сите го знаат како Свето Пивара, Минчо Јорданов, Живко Мукаетов, Глигор Бишев, Антони Пешев, Штерјо Ников, Кочо Анѓушев...

Единствени од македонските политичари што се појавија на годишнината на Стопанската комора беа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и градоначалниците Маријан Ристески и Стевчо Јакимовски.

ФОТО: Н. Батев 

Поврзани

Најнови вести

Коментари