Криптовалута

Биткоинот урива рекорди, надмина 5.000 долари

Најпознатата криптовалута биткоинот достигнала нов рекорд надминувајќи и 5000 долари.

Големиот интерес на инвеститорите довел до раст на биткоинот дури на 5 144 долари во раното тргување во четвртокот.

Со тоа е постигнат рекорд од почетокот на септември кога биткоинот вредел 5 013 долари.

Инвеститорите очигледно ги надминале лошите вести од минатиот месец, кога регулаторите во Кина ги забранија некои од најголемите менувачници кои менувале биткоини.

Но извештаите кои се појавија во последните денови укажуваат на тоа дека би можело да се продолжи тргувањето во втората најголема економија во светот.

Извештајот на Criptocoinnevs.com наведува цитирајќи ја кинеската државна новинска компанија Синхуа дека тргувањето со биткоин најверојатно ќе биде продолжено со строга регулација. Тоа би можело да вклучи нови правила за лиценцирање и спречување на перење пари кои би се имплементирале.

Поврзани

Најнови вести

Коментари