Љубљана

„Адрис Групата" влегува на словенечкиот пазар на осигурување

„Кроација осигурување" повеќе од една година интензивно купува акциите на овие две словенечки осигурителни компании.

„Адрис Групата" и нејзината осигурителна компанија „Кроација осигурување" добија дозвола од надзорна агенција за директен влез на словенечкиот пазар на осигурување, објави љубљански „Дневник".

Хрватската осигурителна компанија се одлучи и за самостоен влез на пазарот во Словенија, иако веќе има малцински сопственички удели во најголемите словенечки осигурителни друштва „Сава Ре" и „Заваровалница Триглав".

„Кроација осигурување" повеќе од една година интензивно купува акциите на овие две словенечки осигурителни компании.

Поврзани

Најнови вести

Коментари