logo
logo
logo

Аполо 11

Аполо 11: Темната страна на месечината

Vecer | 19.06.2023

Аполо 11: Темната страна на месечината

На 21 јули 1969 година, во 02 часот и 56 минути по источноамериканско време (УТЦ) американскиот космонаут Нил Армстронг стапна на Месечината, и ја изговори реченицата: “Ова е мал чекор за човекот, а голем за човештвото“.

Стапнувањето се случило откако претходниот ден, на 20 јули во 20:17 (УТЦ) лунарниот модул на Аполо 11 се спуштил на месечевата површина.

Според виденото од директниот телевизиски пренос од НАСА базата во Хјустон (САД) кој го виделе околу 600 милиони гледачи во светот, тоа се зборовите на првиот човек кој стапнал на Месечината, а по него на Месечината стапнал и вториот космонаут од лунарниот модул, Баз Олдрин.

Третиот член на екипажот на Аполо 11, Мајк Колинс, останал во контролниот модул на Аполо 11, кој за сето време лебдел над лунарниот модул и космонаутите Армстронг и Олдрин, кои се движеле по месечевата површина.

По тој историски момент Армстронг и Олдрин наредните 150 минути ќе направат обиколка околу местото на слетување. Снимаат и земаат материјали од месечевата површина кои подоцна ќе послужат за научни цели. На местото на слетување поставиле американско знаме, како спомен на екипажот на Аполо 1 кој загинал.

По Армстронг и Олдрин уште десет американски космонаути слетале и стапнале на Месечината, заклучно со мисијата Аполо 17, во декември 1972 година.

Во сево ова, освен наука има и политика, што ќе се покаже со настаните потоа. Пред се, затоа што мисијата Аполо е политички одговор на Вашингтон кон СССР и светот. Русите, во тоа време на студената војна, имале доминација во вселената.

Првиот голем успех на Москва бил во 1957 година, со лансирањето на првиот сателит Спутњик, а доминацијата во вселената била спектакуларно објавена со успехот на леталото – Васток 1, и нивниот космонаут Јуриј Гагарин кој во април 1961 година бил првиот човек со успешен вселенски лет, летајќи 108 минути околу земјината орбита.

Две години подоцна, Русите ја имаа и славата дека Валентина Терешкова е првата жена – космонаут која полетала во вселената. На 16 јуни 1963 година полетала од советскиот космодром Бајконур во леталото Васток 6, и ја обиколила Земјата 48 пати, прелетувајќи два милиони километри.

Во тоа време на советската доминација во вселената претседател на САД бил Џон Ф. Кенеди (јануари 1961 – ноември 1963) кој донел одлука дека САД императивно мораат да издвојат големи вложувања во космичките летови, и да ја запрат доминацијата на Советскиот Сојуз. Тоа е време на студената војна помеѓу САД и СССР и инсталирањето на руските бродови, авиони и ракети на Куба, што придонело до една од најголемите безбедносни и политички кризи во односите помеѓу Вашингтон и Москва.

Вселенската доминација на Советскиот сојуз над САД не била само работа на научен и политички престиж, туку и безбедносна, воена закана за Вашингтон.

На 25 мај 1961 година, само еден месец по успешниот лет на Јуриј Гагарин во вселената, американскиот претседател Џон Ф. Кенеди пред американскиот Конгрес ја објавил одлуката за развој на проектот Аполо, како вселенски проект со лет на човечки екипаж. Ветил дека до крајот на деценијата Американец ќе шета по Месечината.

Аполо проектот на националната вселенска агенција НАСА постоел и претходно, уште од времето на претседателот Двајт Ајзенхауер (јануари 1953 – јануари 1961) како научен и воен проект за развој на вселенски летала без екипаж, но по одлуката на Кенеди очекувањата од НАСА и Аполо програмата се зголемени, со значително зголемен буџет. Програмата уште од почеток се соочувала со контроверзи и проблеми.

Аполо 1 била првата мисија која имала за цел да исфрли летало во вселената со човечки екипаж, со помош на ракетата Сатурн. Првиот лет бил закажан за 21 февруари 1967 година, но на пробното лансирање на модулот Аполо 1 од космодромот Кејп Кенеди, на 27 јануари 1967 година се случила несреќа. Модулот Аполо 1 се запалил, и во несреќата загинале сите тројца членови на екипажот: Вирџил Гас Грисом, Едвард Вајт и Роџер Кефи.

За американската јавност, особено за Конгресот и армијата, ова било шокантен пораз на националните напори за вселенска доминација. Отворена е истрага. Со извештај на сенаторот Волтер Мондејл НАСА и изведувачот Норт Америкен Авиејшн се обвинети за грешки во постапките и криење податоци за причините на експлозијата.

Потрошени биле големи пари, а успехот изостанал. Не само што изостанал, јавноста пред телевизиски камери наместо триумф, на 27 јануари 1967 во 06:30 тој ден видела пожар и смрт на екипажот на леталото Аполо 1, што е доживеано како катастрофа од национални размери.

Аполо 1 изгорел за само 15 секунди. Проектот Аполо е привремено запрен, а НАСА добила забрана од 20 месеци за понтамошна работа на проектот.

Следат неколку пробни летови на ракетата-носач Сатурн, и понатамошни технолошки усовршувања на леталото, а следниото лансирање на Аполо со човечки екипаж била мисијата Аполо 7, на 11 октомври 1968 година.

Мисијата составена од тројца космонаути: Волтер Шира, Дон Ејзл и Волтер Канингамја обиколила Земјата 163 пати, испратила први видеоснимки од Земјата емитувани во живо на телевизија, и потоа модулот на 22 октомври 1968 безбедно се спуштил во Атлантскиот океан.

На 21 декември 1968 година лансиран е модулот Аполо 8, со задача за прв пат да се доближи и влезе во месечевата орбита. Мисијата е успешно завршена. Месечината е снимена од близина, и утврдена е картографија на месечевата површина, а по шест дена летање Аполо 8 се вратил на Земјата, заедно со екипажот Борман, Андерс и Ловел.

Истражувањата успешно напредуваат, и во март 1969 година лансиран е Аполо 9, со задача да изврши проби за самостоен лет и спуштање на месечевиот модул, одвоен од командниот модул, со екипажот на месечевата површина.

Последна проба. На 18 мај 1969 година од космодромот Кејп Кенеди лансиран е Аполо 10. Ова е генерална проба за спуштање на Месечината затоа што за прв пат во реален амбиент, месечевата орбита, се испратени сите три елементи: ракетата, командниот модул и лунарниот модул кој треба да се спушти на Месечината. Тестирано е функционирањето на целата постапка проектирана за следниот лет кој, финално, требало да се случи и заврши со спуштање на месечевата површина.

Космонаутите од Аполо 10Томас Стафорд и Јуџин Цернан успешно се издвоиле од командниот модул, и се доближиле до Месечината на само 8,9 километри при што се направени снимки од површината. Во месечевиот, лунарен модул летале 8 часа, притоа обоколувајќи ја Месечината 31 пат, по што се вратиле и безбедно се споиле со командниот модул. Снимките биле директно емитувани на телевизија.

Тестирањето било успешно, бидејќи функционирале сите елементи на летот, освен автоматското спојување на лунарниот модул со командниот, при враќањето, што било завршено со директна, рачна команда на космонаутите.

Големата авантура, спуштањето на Месечината, можела да отпочне.

Леталото Аполо 11 е лансирано од Кејп Кенеди на 16 јули 1969 година, во 09:32 според локално време (13:32 УТЦ), со тричлен екипаж: Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс со задача да се спушти на Месечината, да изврши снимање и прибирање материјали од површината, а потоа безбедно да се врати назад на Земјата.

Во исто време, кога се случува спуштањето на Аполо 11 на Месечината, Советскиот Сојуз упатил свое летало без екипаж на месечевата површина, автоматската вселенска сонда Луна 15, трет обид на Москва да собере материјал од Месечината за научни цели.

Русите ја лансирале Луна 15 три дена пред лансирањето на Аполо 11, но сондата се урнала на Месечината на 19 јули 1969 година во 15:50 (УТЦ), само неколку часа пред влезот на Аполо 11 во месечевата орбита.

По 76 часа од лансирањето леталото Аполо 11 влегло во месечевата орбита, а во 20:17 (УТЦ) на 20 јули 1969 година на Месечевата површина е забележано спуштање на лунарниот модул тежок 13,6 тони, со зборовите на космонаутот Армстронг: – “Хјустон, Игл безбедно слета”.

По шест часа подготовки за напуштање на модулот кој веќе слетал, Нил Армстронг се спуштил по четирите скали, и со левата нога зачекорил по површината јавувајќи се во Хјустон со зборовите кои го обиколиле светот, и ја пишувале историјата: – “Ова е мал чекор за човекот, но голем (гигантски) за човештвото…”

Првото човечко стапнување на месечевата површина на космонаутот Армстронг се случило на локацијата, рамнината наречена Море на тишината, на 21 јули 1969 година во 02:56 според источноамериканско време (УТЦ). Настанот, и снимките од директниот ТВ пренос од контролниот центар на НАСА во Хјустон ги коментирал експертот Џеф Кинг.

Космонаутите Нил Армстронг и Баз Олдрин се спуштиле со месечевиот модул Игл, кој бил паркиран на месечевата површина 21 час и 36 минути. Во тој период за 2,5 часа прошетка космонаутите собрале 21,5 килограми материјал и камења од површината. Сите тројца претходно веќе учествувале во некој од вселенските летови.

Снимањето било со Хаселблат фотокамера за фотографии, а заради мала потрошувачка на енергија видеоснимањето се вршело со аматерска Слоускан камера со капацитет од само 10 кадри во секунда. Оваа снимка не била компатибилна со ТВ-камерите кои работеле со 60 кадри во секунда, и затоа видео сигналот е преработуван, а снимката е примана на три места – основниот прием бил во сателитската станица Голдстон, Калифорнија (САД), на монитор.

Видеоснимката од мониторот, потоа, е снимана од друга телевизиска камера при што квалитетот на финалната снимката емитувана на телевизија бил слаб. За подобрување на сигналот, набргу, телевизијата ја преземала снимката која е добиена во друг центар, Хонисакл Крик Тракинг Стејшн во Австралија, на повеќе чувствителен Паркс радио телескоп.

Снимките се снимани на магнетни ленти од еден инч, а потоа пренесени на ролни од 35 милиметри. Овие снимки се со историска содржина и важност.

Но, иако се такви, оригиналните снимки кои космонаутите ги снимале на лице место, на месечевата површина, исчезнале во пожар кој подоцна се случил во НАСА. Овој пожар никогаш не е објаснет, ниту се најдени остатоци од снимките.

Посетата на Месечината имала и драматични моменти, и тоа онаму каде што најмалку се очекувало. Додека се враќал и движел во кабината на лунарниот модул, космонаутот Баз Олдрин случајно ја скршил рачката за активирање на автоматското полетување на модулот од Месечината, и враќање кон командниот модул каде што ги чекал Колинс.Имало опасност дека ќе останат заробени на Месечината. Останале седум часа во модулот, чекајќи и подготвувајќи се за подигање и спојување со командниот модул. Имале и среќа – скршената рачка од стартерот за автоматско полетување ја замениле со фломастер кој ја завршил работата.

Армстронг и Олдрин, потоа, полетале и успешно се поврзале со командниот модул управуван од Колинс, по што се вратиле на Земјата на 24 јули 1969 година, кога командниот модул Колумбија слетал во Тихиот Океан, 24 километри од американскиот носач на авиони Хорнет, кој ги очекувал и прибрал.

На Хорнет космонаутите ги дочекал лично американскиот претседател Ричард Никсон, и одржал говор. Политичкиот триумф на Вашингтон бил очигледен.

По карантинот од 21 ден во кој поминале, на АрмстронгОлдрин и Колинспретседателот Никсон им доделил орден – Претседателски медал на слободата, а во следните 45 дена космонаутите посетиле 25 држави, и ја ширеле славата и моќта на американската вселенска индустрија, политиката и воената доминација.

Политиката била и лице и опачина на овој, пред се, голем научен и технолошки настан. Токму затоа овој настан, мисијата Аполо 11, се претворил во една од најголемите мистерии на 20-тиот век. Мистерија со политичка заднина.

На месечевата површина космонаутите Армстронг и Олдрин, освен американското знаме, оставиле и неколку други белези на американската држава и политика, како пораката напишана на плоча: – “На ова место за прв пат стапнале луѓето на Месечината, во јули 1969 година. Дојдовме во мир за целото човештво”. Потпис, Нил Армстронг, Мајкл КолинсБаз Олдрин – и претседателот Ричард Никсон.

Кон ова таму е оставен и диск со изјави од американските претседатели Ајзенхауер, Кенеди, Џонсон и Никсон, како и изјави на 73 претседатели на други држави.

По Аполо 11, уште пет летала од програмата Аполо слетале на Месечината: Аполо 12(лансиран во ноември 1969) престојувале 31 час и 31 минута; Аполо 14 (31 јануари 1971) – 33 часа и 37 минути; Аполо 15 (26 јули 1971) – 66 часа и 54 минути; Аполо 16 (16 април 1972) – 71 час и Аполо 17 (7 декември 1972) – 75 часа.

Од 1969 до 1972 година на Месечината престојувале дванаесет космонаути

Од тие посети собрани се над 370 килограми материјал прибран од месечевата површина. Подоцнежните три мисии Аполо се откажани заради намалување на буџетот на НАСА за истражувања на Месечината.

Приказните дека сево ова е лага, дека се работи за политички мотивирана монтажа, ги отворил Бил Кејсинг, инженер кој бил дел од Аполо програмата, а медиумска промоција со свои научни аргументи во 1996 година им дале Роберт Мејерс и Роберт Перлман, експерт за вселенски истражувања од САД, како и Вилијам Керел, автор на документарецот “Темна страна на Месечината” (Во оригинал – Операција Луна).

Нивното прво логично прашање е зошто никој, по 1972 година, не се ни обидувал да слета на Месечината, правејќи го тоа за научни цели, за запознавање на содржината на Месечината, како и со цел да се добие воена и стратешка предност во вселената.

Според хронологијата, теориите кои ги започнал експертот кој бил дел од програмата за развој на ракетните мотори Бил Кејсинг, а ги доградувале многумина научници и експерти потоа. Според нив – целиот настан со Аполо 11, како ни подоцнежните спуштања на Месечнината, не се случил – туку се работи за снимка реализирана во пустините на Невада (САД) на локалитет со најголема тајност и безбедност познат како Зона 51, а настанот го режирал Волт Дизни, за набргу како режисер да се именува Стенли Кјубрик, што е теорија на завера која трае и ден-денес.

Сомневањата во настанот и ширење на теоријата на завера дека слетување на Месечината немало, се засилиле по 2006 година кога се дознало дека НАСА ги нема оригиналните снимки направени од астронаутите на Аполо 11. Тогаш и официјално се дознало дека снимките, наводно, под непознати околности исчезнале во пожар. Магнетните ленти со оригиналните снимки од летот и спуштањето на Аполо 11 на Месечината се чувале во 2.614 сандаци во вселенскиот центар Годард.

Според теориите на завера, причините за лажирање и измама на големиот успех наАполо 11, биле политички.

Настанот мора да се гледа во контекст на времето и условите кога се случувал. Америка, во тоа време, ја живее најсилната студена војна против Москва. Крајот на шеесеттите се години на големите американски воени порази во Виетнам, масовни антивоени демонстрации и нереди во државата. Тогашниот претседеател Ричард Никсон бил омразен, познат како склон кон измами и матни политички потези, што подоцна (во 1974) било причина да поднесе оставка заради аферата со прислушување, Вотергејт.

Во Вашингтон морале да најдат дефокус, да го свртат вниманието од тој хаос, причина за доказ на својата научна и воена супериорност, оправдување за големите воени буџети и трошоци за вселенските експерименти на НАСА.

Некој од ЦИА, според теоријата на завера, предложил да ги искористат услугите на познатиот режисер Стенли Кјубрик, кој во 1968 година ги вршел монтажите на познатиот научнофантастичен филм “Одисеја во вселената 2001“, според приказна на авторот Артур Кларк.

Предлагачите биле инспирирани од сцените на вселенските мотиви и случувања кои изгледале перфектно верни и оригинални. Стенли Кјубрик, според теоријата, го прифатил предизвикот, и во посебни студиски услови во воената тајна локација Зона 51во Невада снимил сцени на спуштање на Месечината на Аполо 11.

Првично, снимките биле направени и чувани – за секој случај. Ако не успее потфатот, да се одбегне меѓународниот дебакл на САД, и наместо катастрофата која се случувала оригинално, да се пуштат снимките кои прикажувале успешен процес на освојување на Месечината, додека вистинското летало Аполо 11 само кружи околу Земјата. За тајноста на операцијата одговорност преземала ЦИА.

Што велат теоретичарите на завери во прилог на своите теории?

Има две групи: оние кои се повикуваат на научни докази и компарации, и другите кои едноставно поставуваат прашања, а ако нема доволно добар одговор за нив, заклучуваат дека настанот со Аполо 11, а и подоцнежните Аполо мисии – се измама.

Прво оспорување со повикување на науката е дека не е можно човек да замине и да се спушти на Месечината, особено со технологија позната во тоа време, затоа што ќе бил уништен со радијација. Се работи за појаси на екстремно силно радиоактивно зрачење, откриени уште во 1958 година со сателитот Експлорер. Наречени се Ван Аленови појаси. Тоа се две обвивки создадени како последица од сончевите зрачења кои, во суштина, ја штитат Земјата од нагласена сончева радијација. Подалечниот Ван Аленовпојас се наоѓа на 20.000 километри над Земјата, и широк е од 6 до 10.000 километри. Во време на силни сончеви ерупции и ветрови гама радијацијата околу нив е екстремна, а Аполо леталата немале соодветна заштита, освен алуминиумското тело на леталото, што не е доволно за да ги сочува електрониката и екипажот.

НАСА никогаш не објавила колкав степен на радијација имал екипажот по враќање на Земјата, а членовите на Аполо 11 доживеале длабока старост, што е тешко возможно за луѓе кои се толку озрачени.

Сончевите ерупции и радиоактивни бури се случуваат периодично на 11 години, тое е време на екстремни радиаоктивни бранови, а токму во време на летовите на Аполо 16и Аполо 17 кои стасале до Месечината се случила една од најсилните сончеви ерупции во последните сто години. Радијацијата не оставила никакви последици, ниту врз леталото, ниту врз електрониката, а ниту врз екипажот кој патувал до Месечината.

За научниците тоа е невозможно, доколку леталата навистина стасале до таму.

Како посебен доказ за ова, научниците кои тврдат дека немало лет до Месечината со човечки екипаж, посочуваат на податокот дека таква радијација, како при минување низ Ван Аленовите појаси при излегувањето од земјината магнетна зона, е толку силна што било невозможно да се произведе по научен пат во тоа време, во шеесеттите години, а потоа и да се создадат технологии кои би штителе од неа.

Експерименти за менување на структурата на Ван Аленовите појаси, нивно разбивање и мерење на радијација имало и во тоа време, но без успех. Најисилна радијација која се случила како последица на човечкото делување досега е онаа од 1962 година, во времето на Студената војна, кога САД вршеле тајни експерименти во вселената со активирање на нуклерани експлозии на многу големи височини. Тоа е операцијата наречена Старфиш Прајм, дел од стратешкиот воен план Операција Доминик во која се активирани над 150 нуклеарни експлозии.

На 9 јули 1962 година од островот Џонсон, на Пацификот, околу 1400 километри југозападно од Хавајските Острови САД активирале силни нуклеарни експлозии со силина на удар од 1.44 мегатони, на висина од околу 400 километри над земјата што е вселенска висина, со цел да го разбијат внатрешниот Ван Аленов појас.

На таа висина нема воздух, па нема ни видлива реакција на нуклеарната експлозија како познатото формирање огнена печурка, но ефектите врз земјата биле повеќе од очигледни: застој на електрониката, алармите, телекомуникациите и електричното напојување на Хаваите, и светлина на небото која траела 7 минути и можела да се види во дијаметар од 3.200 километри.

Обидот да се разбие Ван Аленовиот појас и дизајнира заштита – не успеал, ни при такви услови.

Која е можноста екипажот на леталото Аполо да преживее радијација при вакви услови, а сончевите бури над Ван Аленовите појаси се неспоредливо посилни.

Освен издржливоста, спорна била и подготвеноста. На пробниот лет на месечевиот модул кој е користен во мисијата Аполо 11, извршен во воената база Елингтон неколку месеци пред полетувањето, имало инцидент бидејќи космонаутот Нил Армстронг ја загубил контролата на висина од околу 100 метри над земјата, и бил принуден да се катапултира. Пробата не успеала, а летот сепак се случил, и спуштањето на модулот било успешно.

Следната научна негација на мисијата Аполо 11, поточно слетувањето на човек на Месечината, е фотографирањето и снимањето на околината со технологии од шеесеттите години.

Имено, фотографиите на екипажот од Аполо 11 со космонаутите Армстронг и Олдрин,се правени со фотоапарат Хаселблат 500 ЕЛ, со посебни Цајс објективи и Кодакфотофилм. Експертот на Хаселблад Јан Лудберг ги конструирал фотапаратите да бидат фиксно поставени на градите од космонаутите. Немало рачни команди и можност за прецизно подесување на фокусот и осветлувањето, а фотографиите од Месечината секогаш биле добро подесени.

Заради големата радијација на Месечината, која нема соодветна обвивка и заштита како Земјата, тогашните фотофилмови не биле во можност да направат квалитетни фотографии, туку при активирање врз фотофилмот би создале темни полиња од радиоактивноста. Освен ова, температурата на Месечината варира од -200 до +120 степени Целзиусови, што е околина во која фотоапаратот не може да работи.

Постои фотографија на која се гледа како Нил Армстронг излегува од лунарниот модул и стапнува на Месечината. Прашањето е: Кој ја направил таа фотографија? Другиот космонаут Баз Олдрин бил внатре, во модулот, а трет на Месечината за да ги слика – немало. Далечинското управување е измислено дури 20 години по настанот. Овој детал НАСА никогаш не ге објаснила.

Некој ќе рече, тоа е НАСА, силна и напредна научна индустрија и институција, имале нешто што другите во тоа време го немале.

Снимките, според НАСА, се правени во 1969 година. Доколку индустријата на фотоапарати и фотофилмови тогаш имала технологии кои би работеле во вакви екстремни услови, заради профит и престиж, децении потоа тие технологии би се нашле на пазарот како и во многу други случаи. А до ден-денес се уште ги нема.

Кога лунарниот модул на Аполо 11 се спушта на површината, прави притисок од околу 450 килограми. Но, на снимките од Месечината нема траги од кратер, односно прашина и оставање длабнатина на местото на спуштање на леталото.

Ако површината на Месечината е со шест пати помала гравитација од онаа на Земјата, при што опремата на космонаутот од 150 килограми таму тежи помалку од 30, зошто тогаш има отпечатоци од стапалото на космонаутот додека шета по Месечината, а нема отпечаток од спуштањето на лунарниот модул на Аполо 11 кој е многу потежок.

Можела ли електрониката, во таа 1969 година, да има моќ за брзо решавање пресметки и задачи поврзани со радијацијата, магнетните полиња… пресметки и решенија за автоматско спуштање на Месечината и гравитацијата…

Во 1969 година се уште не бил пронајден и применет компјутерскиот чипсет. Максималната компјутерска меморија била 256 килобајти, а во Аполо 11 биле вградени 32 килобајти меморија. За споредба, обичен пластичен калкулатор денес, со основни операции, има десет пати повеќе меморија и моќ за пресметка отколку електрониката на Аполо 11.

Дали навистина е можно со таа моќ да се лета до Месечината, и назад.

Бил Кејсинг работел на Аполо програмата од 1957 до 1963 година, во делот на проекти за ракетните мотори Сатурн пет, користени за лет и на Аполо 11. Тој во 1974 година објавил книга “Никогаш не сме летале на Месечината – измама од 30 милијарди долари”. (Во денешно време, тое е сегашна вредност на 120 милијарди долари)

Во 1981 година Бил Кејслинг гостувал во шоу програмата на Опра Винфри каде изнел дел од своите сознанија и убедувања дека спуштање на Месечината од програмата Аполо немало, а дури 60% од гледачите му верувале во изнесеното.

Според него, НАСА немала технолошки капацитет да создаде летало кое може да пренесе луѓе до Месечината, да престојуваат таму и да се вратат назад. Целиот настан бил измислен за да се оправдаат големите пари кои НАСА ги потрошила без очекуван успех, и да се добие полза за политичарите во време на Студената војна и немирите во САД.

И Тим Фарнис во својата книга “Еден мал чекор” докажува дека НАСА во тоа време немала ни оддалеку технички капацитет да спроведе лет до Месечината со човечки екипаж, и да изврши прошетка на космонаутите и снимање на Месечината.

Во ТВ-емисијата “Од Земјата до Месечината” покажале со колку леснотија во студио може да се изрежира настан како спуштањето на Месечината, па дури се и целосно копирани некои сцени од спуштањето на мисијата Аполо 17.

Во февруари 2001 година американската телевизија Фокс њуз објавила емисија “Теорија на завера, дали имало спуштање на Месечината?”. Документите и доказите за можна измама со летот на Аполо 11, кои Фокс ги прикажале – биле шокантни и покренале дилеми за можна измама.

Во 1999 година само 6% од Американците се сомневале дека слетувањето на Месечината е вистинско. Но, во 2009 година сомневањето пораснало на 25%, а бројот на оние што се сомневаат расте и понатаму.

Другите теоретичари на завера, приврзаници на верувањето дека лет на Месечината со човечки екипаж немало, кои не се повикуваат на научни податоци и компарации поставуваат друг вид прашања, пред се логички, на кои бараат одговори, како за оваа појава – Зошто на снимките се вее американското знаме поставено на Месечината, кога таму нема воздух и атмосфера која би предизвикала такви движења на знамето.

Иако имало повеќе слетувања на Месечината, на разни локации, во позадината на сликите постојано се гледа една иста панорама. На снимките нема ѕвезди, а има повеќе агли на сенките (како во студио), иако природно има само еден извор на светлина.

За разлика од научните спорења на настанот, на овие прашања НАСА давала одговори многу пати. Некои во одговорите веруваат, а други пак не, и на крај останува личниот суд како краен аргумент.

Но, како што теоретичарите на завера имаат свои логични тези, такви тези имаат и застапниците на другата страна, оние кои веруваат дека Аполо 11, и мисиите потоа, навистина се спуштиле на Месечнината.

Зошто Русите, најголеми конкренти во вселенските истражувања и летови, никогаш научно не ги спореле летовите и спуштањата на Месечината од мисијата Аполо 11? Ако летот бил режиран и лажно прикажан за политички цели, Москва би имала голем политички бенефит да докаже дека спуштањето на Месечината воопшто не постои, и дека Америка го измамила светот.

Во 2007 година јапонската вселенска агенција ЈАХА лансирала во месечевата орбита сателит Селена кој снимил траги од слетувањето на лунарниот модул Аполо.

Во 2010 кинескиот сателит Шанг 2 направил снимки со траги од спуштањето. Сепак, ниту една од тие траги на машини не докажува дека на Месечината стапнал – човек.

На програмата Аполо, подготовките и реализацијата, за две децении работеле повеќе од 100.000 луѓе, и малку е веројатно дека тајна, како лажно спуштање на Месечината, би се сочувала кога толку многу луѓе непосредно учествуваат во целиот процес.

Сите мисии на Аполо кои слетале на Месечината оттаму донеле 382 килограми материјали прибрани од површината, кои се проучувани од многумина научници ширум светот, и до денес нема релевантен научник кој ја спори оригиналноста на тие материјали чија старост се проценува на дури 3,5 милијарди години, во споредба со најстариот материјал пронајден на Земјата кој потекнува од пред 180 милиони години. Минералот Армалколит, пронајден на Месечината, го добил името токму спроед почетните букви од имињата на Армстронг, Олдрин и Колинс.

Но, материјалот од Месечината не докажува дека го земал и донел човек, а не сонда испратена на Месечината, каква што Русите праќаа таму и пред летот на Аполо 11.

Се уште има повеќе прашања од одговори, и полемиката во САД, како и во светот, околу мистеријата на Аполо не запира.

Првиот човек кој стапнал на Месечината, космонаутот Нил Армстронг, по овој настан никогаш повеќе не летал. Ја напуштил НАСА, и од 1970 година работел како предавач на неколку универзитети. Имал забарана да дава интервјуа со одговори кои се однесуваат на неговата мисија.

На 9 септември 2002 година новинарот Барт Сибрел, сепак, на прием во Беверли Хилс хотелот побарал интервју од Нил Армстронг, и го добил неговиот одговор: “Не ме прашувајте ништо, и јас нема да ве лажам…”. Армстронг починал на 25 август 2012 година, по компликации предизвикани од операција на срцето.

Едвин Баз Олдрин, член на мисијата Аполо 11, вториот човек кој стапнал на Месечината, никогаш не се согласил да разговара за оваа мисија. На прашањата околу Аполо 11 одговарал со молчење, или со гнев и инциденти. Новинарот Барт Сибрел, на наведениот прием пред хотелот Беверли Хилс му се обратил со зборовите: “Зборуваш дека си стапнал на Месечината, дали си сигурен во тоа…”, по ова новинарот бил физички нападнат од Олдрин, без одговор на прашањето. Но, мора да се знае дека новинарот Сибрел бил наметлив и агресивен што било главна провокација, а не самото прашање.

Чарлс Конрад, космонаут од мисијата Аполо 12 и третиот човек кој стапнал на Месечината, изјавил дека летовите на Месечината се измама за која ќе проговори 30 години по настанот, што требало да се случи во 1999 година. Но, на 8 јули 1999 година Конрад загинал во сообраќајна несреќа, под неразјаснети околности.

И Томас Берон, инспектор при изградбата на Аполо 1 кој се запалил при полетувањето, загинал во сообраќајна несреќа. Тоа се случило само една недела откако пред Конгресот сведочел за пожарот во Аполо 1 при што изнел 500 страници доказ дека програмата Аполо е хаотична, без систем и без можност за успех. Неговиот извештај со податоците исчезнал по загинувањето.

Наследникот на Џон Ф. Кенеди, американскиот претседател Линдон Џонсон,потпишал закон со кој се забранува објавување фактографија и изворни детали од мисиите Аполо се до 2026 година. Зошто толку таинственост ако се работи за јавен, научен успех на американската технологија, наука и држава?

Во 2002 година Вилијам Керел го снимил документарниот филм “Темната страна на Месечината” (Операција Луна) во кој сопругата на тогаш веќе починатиот режисер Стенли Кјубрик открива дека Кјубрик бил ангажиран од американската државна администрација да сними кадри од слетување на Месечината, и тоа го направил во истото студио каде што го снимал филмот “Одисеја во вселената 2001″.

Во декември 2015 година на Јутјуб мрежата се појавува снимка на режисерот Т. Патриксо видеоизјава на Стенли Кјубрик, дадена на 3 март 1999 година (четири дена пред да почине). Во тоа интервју, според податоците дадени кон видеоснимката, Стенли Кјубрик зборува дека мисијата Аполо 11 со космонаутите кои шетаат по месечината е лажна, дека целиот настан го снимил тој и дека сака вистината за тоа да се знае.

Целата приказна за Аполо 11 почнува од почеток. Кинезите најавија дека најдоцна до средината на 2018 година ќе организираат вселенска мисија Чанг е-5, лет со човечки екипаж на Месечината, вклучително и на темната страна која не е видлива за човекот.

(Д.П. Латас)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk