Зошто Шота била монструм, а вие ја играте и ја пеете по свадби!

Оваа песна е создадена за Шота Галица, жена на албанскиот одметник од Косово, Азем Бејта, која на децата им направила нешто монструозно

Иако нардоната „Шоте, мори Шоте" е многу весела и певлива песна, создадена е за еден моснтруозен настан, во кој биле живи запалени шест деца Србинчиња.

Шота Галица била жена на албанскиот одметник од Косово, Азем Бејта, кој држел под своја власт неколку села во Дреничко, опкружен со своите качаци вооружени до заби. Со години, ниту жандармеријата, ниту војската на Кралството Југославија не смееле да стапнат во неговиот крај. Таму Албанците имале своја држава, „малиот цар" Бејта ги оданочувал, ги глобел, ги мобилизирал, ги затворал...

Дреница требало да биде база во која до Рамазан 1924 г. ќе се соберат одметниците од разни страни за на Бајрам да кренат востание. Вечерта пред Бајрам една воено-жандармериска единица ја опколила Дреница. Утрото Азем Бејта бил повикан да се предаде, но Албанците припукале, па било наредено да се отвори артилериски оган. Во таа борба селото Галица било срушено до земја, а загинале 125 качаци. Но, за судбината на Азем Бејта не се знаело ништо цели 40 години.

Ранет од брачот го изнела неговата жена и воена другарка Ќерима, која ја викале Шота Галица. Но, бидејќи на патот набрзо умрел, телото у било фрлено во длабока јама крај селото Прчево. Сите присутно тогаш се заколнале, дале беса, дека нема да ја откријат тајната за неговото почивалиште. Сепак, ја погазиле бесата, па во 1971 година коските на овој пљачкаш, убиец и садист кој на жртвите им ги отсекувал ушите, свечено биле изнесени од јамата и погребани. А Азем Бајта бил прогласен за "национален борец".

Потеклото на името Шота доаѓа од името Шота Галица, името на жената на одметникот Азем Бејта. Оваа албанска амазонка се облекувала како маж и војувала под машкото име Ќерим. Шота Галица по смртта на Бејта зулумчарела и ги предводела одметниците.

Србите живо го чуваат сеќавањето на тој ужасен ден кога Шота фатила шест деца кои паселе овци на Мокра Планина, ги врзала, запалила оган и сите ги фрлила во огнот и живи ги запалила.

Додека децата гореле, Шота и качаците танцувала околу огнот, се смеела, викала и пеела „Шоте мори Шоте, Шоте машала, одамна сакам Шоте мори, да те играм јас".

На местото на кое настрадале невините деца подигната е спомен-плоча која стоела до крајот на Втората светска војна, а потоа комунистичката власт ја отстранила за да не биде пречка на патото кон братството и единството.

Поврзани

Најнови вести

Коментари