Грчки остров

Земјотрес од 5,3 степени по Рихтер гопогоди Крит

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа во 23:30 часот по локално време го погоди грчкиот остров Крит.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри под морското дно, на околу 60 километри источно од градот Хераклион, сопшти националниот институт за геодинамика.

И покрај тоа што земјотресот бил почувцтвуван силно во источниот дел на Крит, нема податоци за настрадани лица и за причинета материјална штета, јавија локални медиуми.

По главниот земјотрес во период од половина час имаше три вторични потреси, секој од нив со интензитет од по 3,5 степени.

Поврзани

Најнови вести

Коментари