ВИДЕО: Претседателот на младината на АКП:

Земјата е рамна плоча, ама тоа го кријат масоните!

Претставувањето на светот како сфера и претставувањето на милијарди планети и твезди во вселената ги обезвреднува луѓето, исто како што прави и теоријата на еволуција, смета младиот политичар

Лидерот на младината на истанбулскиот огранок на владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП), Толгај Демир, на почетокот од овој месец објави напис во кој најсериозно тврди дека Земјата е рамна плоча.

Во написот насловен "Теорија на рамната Земја", Демир тврди дека масоните го имамиле светот со тврдењето – односно неспорниот научен факт – дека Земјата е топчества.

Согласно оваа фрапантна теорија на заговор, која веќе извесно време е популарна на друштвените мрежи, турскиот "млад лав" ги отфрла фотографиите на НАСА на Земјата снимена од вселената и ги нарекува режирани, а слетувањето на американските астронаути на Месечината ги нарекува заговор кој имал за цел да го поткрепи митот дека Земјата е тркалезна.

Која е причината поради која се спроведува овој огромен заговор со кој се мами човештвото според Демир?

-Претставувањето на светот како сфера и претставувањето на милијарди планети и твезди во вселената ги обезвреднува луѓето, исто како што прави и теоријата на еволуција. Благодарение на оваа системска религија од наука, животот е лишен од смисла... Тоа ги претвора луѓето во робови на капиталистичкиот систем, вели Демир.

Како што пишува Мустафа Акјол за Ал-Монитор, Демир во суштина го заговара предкоперниканскиот космолошки систем кој е побиен пред речиси пет векови, а според кој Земјата е центар на вселената. Иронијата е што тој и другите кои ја промовираат оваа псевдонаучна небулоза е што тоа го прават преку интернер, еден од најмаркантните производи на модерната наука и технологија, што на Демир очигледно не му пречи.

Очекувано, Демир набргу стана предмет на подбив на друштвените мрежи и во медиумите во Турција кои не се под владина контрола.

Откако работите се проширија, Демир почна да се оправдува дека тој не тврди дека Земјата навистина е плоча, туку дека таа идеја му е интересна.

Најнови вести

Коментари