Запад со закани до Рамуш Харадинај: Или Специјален суд за злосторства или...!

Харадинај , рекол дека поништување на законот за Специјален суд е праведно но и дека тој како премиер, ќе ја почитува одлуката на косовските пратеници.

И покрај низа средби со меѓународни дипломати, вклучувајќи ја француско-германската делегациј, која ги предупреди косовските лидери за последиците за повлекување на законот за Специјален суд, косовскиот премиер Рамуш Харадинај не го менува ставот во врска со подржување на одлуката која ќе ја донесе парламнтот, пишува приштинска Коха.

- Премиерот не ја промени својата јавна позиција по то прашање – рекол советникот на Харадинај за Коха, пренесува Унмик во преглед на својот печат.

Харадинај, кој вчера бил во посета на Албанија, рекол дека поништување на законот за Специјален суд е праведно но и дека тој како премиер, без разлика на позицијата во неговата партија по тоа прашање, ќе ја почитува одлуката на косовските пратеници.

Американската амбасада во Приштина го повикала косовскиот лидер да отстапи од идеата за укинување на законот за Специјален суд, пренесува Зери.

- Наш приоритет на Косово е да го подржиме напредокот во владеење на правото, вклучувајќи ја работата на Специјалниот суд. Ги повикуваме лидерите на институциите, политичките партии и членови на парламентот, од отстапат од секаква идеа да се укине законот за Специјалниот суд – соопштила американската амбасада.

Коха, повикувајќи се на неименуван извор, навела дека ако Собранието го укине законот за Специјален суд, тоа ќе ги наруши косовските односи со водечките западни земји.

- Косовските лидери ќе бидат игнорирани нема да бидат поканети на состаноци, одредените програми за помош ќе бидат запрени, а процесот за визна либерализација ќе биде комплетно симнат од агенда – пишува Коха.

Тоа би имало негативни последици во меѓународните односи и на 10 годишнина од независност, рекол неименуван извор за косовскиот лист.

To bi imalo negativne posledice na međunarodne odnose i na 10. godišnjicu nezavisnosti, rekao je neimenovani izvor kosovskom listu.

Поврзани

Најнови вести

Коментари