Турција

Забрана за јавни собири и демонстрации во Анкара

Причина за забраната е предупредувањето од разузнавачките служби за планирање терористички напади на ваквите собири, изјави локален претставник

Властите во Анкара ги забранија протестите и јавните собири во текот на следните 30 дена, додека во турскиот Парламент се одвива расправата за уставните промени, јави ДПА.

-Причина за забраната е предупредувањето од разузнавачките служби за планирање терористички напади на ваквите собири, изјави локален претставник.

Турскиот Парламент завчера ја почна расправата за уставните реформи, што предвидуваат воведување извршна претседателска власт.

Проектот треба да добие поддршка од најмалку 330 од вкупно 550 пратеници за да може да биде предложен за гласање на референдум.

Поврзани

Најнови вести

Коментари