Срби на туристичко патување

За Северна Кореја ни рекоа дека луѓето се гладни, дека јадат трева, но...

Си ги живеат своите животи во системот на вредности во којшто живеат. Тоа е нивното секојдневие, па не се чувствува некаква проблематичност. Изгледаат како повеќето Азијци, си имаат своја цел, а децата се насмеани

Единаесет Срби кои како туристи кои сакаат необични дестинации пред две недели со туристички водич заминале во Северна Кореја, пишува Спутњик. Еве со какви впечатоци се вратиле дома.

Во пивницата каде што се напиле две-три пива на бонови можеле да се дружат со локалното население, кое, според нив, а како што пренесува Спутњик, изгледало сосема нормално – си ги живеат своите животи во системот на вредности во којшто живеат. Тоа е нивното секојдневие, па не се чувствува некаква проблематичност. Изгледаат како повеќето Азијци, си имаат своја цел, а децата се насмеани.

За првпат во поновата историја една група српски туристи пред две недели ја посетиле најизолираната земја на светот од која во моментов стравуваат луѓето на сите континенти.

Одлуката да заминат за Северна Кореја ја донеле многу време пред да започнат последните тензии. Станува збор за единаесетмина патници кои ги виделе речиси сите необични места на нашата планета, а, како што велат, Северна Кореја ја оставиле за на крај, како јаготка на шлагот.

Главниот впечаток на еден од патниците, туристички водич специјализиран за необични дестинации, Филип Милосављевиќ, е дека тоа не е онаква земја каква што се претставува по медиумите, пренесува Спутњик. Вторниот впечаток е дека заминал "во некоја книга од Орвел или Хаксли".

-Тргнавме со предрасуда дека тамошните луѓе се гладни, дека јадат трева, дека се лошо облечени. Тие имаат нормална облека. Изгледаат здраво, рационално, нормално, вели Милосављевиќ за Спутњик.

-Работат во војската, или се занимаваат со земјоделство, барем поголемиот дел од нив. Тие живеат во задруги, имаат исти куќи, одредени се работни тимови кои се состојат од три-четири села. Тие села се нарекуваат "Село на кајсијата", "Село на дињата", зависно од тоа што произведуваат. Влеговме во тие куќи, а ни подготвија локална храна. Градот Соривон е интересен, чист, убав. Сите згради се обоени во различни бои, исто како и во Пјонгјанг. Булеварите се чисти, селата дотерани. Работните полиња се средени до совршенство, како и во другите земји на Истокот. Се делува складно, вели Милосављевиќ.

Дел од авантурата е и самата подготовка за пат. Постои централна туристичка агенција во Северна Кореја која има потпишани договори со акредитирани агенции низ светот, а такви, пак, нема многу. За патниците од Србија посредничката агенција била од Кина. За индивидуална посета на земјата не постои никаква можност, а за да добиете виза мора да поминете одредени процедури за проверка. Морате да потпишете документ со кој се согласувате на нивните правила на однесување, со тоа што можат да ја контролираат вашата приватност, вели Милосављевиќ.

-На влегување, за време на престојот и на изглегување од земјата цариникот има право да го прегледа вашиот телефон и да види што сте фотографирале. На влегување ве предупредуваат дека не смеете да имате фотографии од севернокорејски или какви било други големи светски лидери со кои се во добри или лоши односи, сеедно. Ни случајно не смеете да имате знамиња на САД, Јужна Кореја, Кина или каков било водич, "Лонли планет", "Википедија", што било што ја опишува нивната историја и моменталната состојба, списанија, ни на хартија ни во електронска форма, објаснува Милосављевиќ.

Како некој кој долго време е во туристичката дејност, тој го свртува вниманието на професионализмот и совршението англиски јазик на другарката Ким која им била водич на групата од Србија.

-Се обидувавме да и поставиме прашања за политичката ситуација, ни даваше општи одговори, а некои прашања вешто ги одбегна. Сфативме дека нема место да разговор, вели овој страствен патник низ светот.

-Таму не смеете да велите Северна и Јужна Кореја, туку Демократска Народна Република Кореја, а тоа се однесува на територијата на цела Кореја. Тие велат дека тоа е еединствена држава. Кога ќе ви посакаат добредојде велат дека ги има 80 милиони, 30 живеат во северниот дел, 40 во јужниот дел од земјата, а 10 милиони се дијаспора. Тие веруваат дека тоа е една земја. СО копнеж го очекуваат денот кога повторно ќе се обединат. Сакаат тоа да биде по мирен пат, без странско вмешување, објаснува соговорникот на Спутњик.

Сите патници се воодушевени од Пјонгјанг, совршено среден милионски град кој има широки булевари и мноштво монументални споменици. Неговите жители не слушнале за Србија, но реагираан при споменувањето на Југославија. Соговорникот на Спутњик вели дека е точна информацијата дека во Пјонгјанг има вистинско метро, а не само сценографија на метро.

-Метрото е реално. Имаат возови кои во деведесеттите години ги добиле од Источен Берлин, а имаат и нивни кои ги развиле во 2010 и 2011 година. Во Пјонгјанг има автомобили, тролејбуси и автобуси. Но, на патото од градот до демилитаризираната зона нема многу возила. За четири часа возење видовме само две-три. Главно се возат фолксвагени, бели, од 2005 и 2006 година, или пак јапонски брендови. Имаат и свој бренд, но ретко гледавме автомобили, вели Милосављевиќ.

Северна Кореја нема многу автомобили, но има многу "палати на сонцето", места на кои децата го поминуваат времето по училиште и се занимаваат со дополнителни активности. Тука учат да пеат, цртаат, танцуваат, сликаат. Ги учат најпопуларните светски јазици. Еден од посилните впечатоци е дека има многу убави жени, вели Филип Милосављевиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари