За седум години Албанија ја напуштиле 330 илјади граѓани

Продолжува процесот на иселување на албанските државјани од нивната држава.

Според податоците на Државниот Институт за статистика на Албанија, во периодот 2о11-2о17, бројот на иселените лица надвор од државата изнесува 33о илјади. Овој институт нагласува дека најголемиот број на иселени лица од државата во последните седум години е евидентиреан во 2о11 година кога земјата ја напуштиле 52 илјади лица.

Статистичарите во Албанија наведуваат дека се работи за најголем бран на емигрирање на населението од земјата, по распадот на системот на Енвер Хоџа. Продолжува и понатаму иселувањето на населението претежно во земјите на ЕУ, но и во САД.

Истите извори наведуваат дека поради иселувањето, населението во Албанија „старее“. Во пораст е бројот на жители со над 65 години , додека намалување бележи бројот на жителите кои се помлади. /КМ

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари