БИРН:

За реновирање тоалети во здравствени установи во Србија потрошени 6 милиони евра

Владата на Србија во 2016 година потрошила речиси 700 милиони динари (5,8 милиони евра) за реновирање тоалети во 142 здравствени установи, но логиката со која се потрошени парите е нејасна, пренесе Балканската истражувачка мрежа (БИРН).

Според нив, Министерството за здравство доделило преку тендери во декември 2015 година работа за адаптација на тоалети за четири фирми.

Јавната набавка била спроведена во декември 2015 година во преговарачка постапка без објавување повик за понуди.

БИРН наведува дека нема податоци за обемот на работи што биле предвидени, па е нејасно поради што уредување во мали здравствени установи чини повеќе отколку реновирање на поголеми.

- Нема ниту податоци колку тоалети се реновирани бидејќи не е предвидена обнова на сите тоалети во наброените здравствени установи, се вели во текстот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари