Дводневна посета

Вучиќ во Вашингтон

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојува денес и во понеделник во САД, што е можеби најважна негова посета оваа година

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојува денес и во понеделник во САД, што е можеби најважна негова посета оваа година. Во Вашингтон тој ќе оди на разговори со американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој пак наскоро треба да дојде во регионот на средба во рамките на Јадранската повелба.

Претседателот на Србија, според локалните медиуми што се под контрола на власта, бил поздравуван од Вашингтон како "клучен фактор во одржувањето на мирот и стабилноста во соседна Србија". Ова за Танјуг го изјавил поранешниот американски амбасадор во Белград, а сега шеф на влијателен тинк-тенк, Камерон Мунтер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари