Соработка

Вучиќ оствари средба со рускиот вицепремиер

Премиерот на Србија Александар Вучиќ денеска одржа состанок за време на официјалната посета на Индија со рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин

Вучиќ оцени дека Србија добила поддршка од страна на Русија во унапредувањето на односите со Индија.

- Пријателска средба со Дмитри Рогозин. Зборувавме за сите облици на соработка меѓу Србија и Русија и добивме руска помош и поддршка во унапредувањето на нашите односи со Индија. Го очекуваме Рогозин наскоро во Белград, напиша српскиот премиер на неговиот Твитер профил.

Вучиќ и Рогозин од 10 до 13 јануари ќе учествуваат на инвестицискиот самит „Vibrant Gujarat Global Summit" во индискиот град Гандинагар во Гуџарат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари