Србија

Вучиќ: На премиерската фотелја ќе седне или Дачиќ или Брнабиќ

Според информации на „Вечерње новости", сегашниот премиер Александар Вучиќ ја стеснил листата за негов наследник и таа е намалена само на две имиња, првиот заменик-премиер Ивица Дачиќ и министерката за јавна администрација и локална самоуправа, Ана Брнабиќ

На премиерската фотелја во новата српска влада, најверојатно, ќе седнат Ивица Дачиќ или Ана Брнабиќ, дознава „Новости". Но, извори за весникот „Данас", сепак, не ја исклучуваат можноста од изненадување.

Според информации на „Вечерње новости", сегашниот премиер Александар Вучиќ ја стеснил листата за негов наследник и таа е намалена само на две имиња, првиот заменик-премиер Ивица Дачиќ и министерката за јавна администрација и локална самоуправа, Ана Брнабиќ. Можен „адут од сенка" е Душан Вујовиќ, министерот за финансии, пишува „Новости".

Како главни аргументи за Брнабиќ во круговите на Владата се спомнуваат нејзината стручност, посветеност и добрите резултати во секторот кој таа го води, но, исто така, е и големата лојалност кон Вучиќ, иако не е членка на СНС.

Ова е причината зошто Вучиќ има многу доверба во неа и затоа не е изненадување што нејзиното име се спомнува како најверојатен избор за негов наследник, додава „Новости".

Од друга страна, Дачиќ, исто така, е во добри односи со Вучиќ, кои се во нагорна линија откако социјалистите ја поддржаа неговата кандидатура за претседател на Србија. Исто така, ветер во грбот на Дачиќ претставува фактот што тој веќе беше во Немањина 11, односно беше прв човек на Владата, но и тоа што како министер за надворешни работи направи добри контакти во целиот свет.

Поврзани

Најнови вести

Коментари