Вучиќ: Косово нема да влезе во Обединетите Нации без договор со Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека не постои никаква шанса Косово да добие столче во Обединетите Нации, без договор со Србија.

„Косово не може да добие место во ОН во вакви услови на политичка поларизација и постоење на мултиполарен свет. Што се однесува до оние кои мислат дека е доволно да ја притиснат Србија и да речат – вие морате да прифатите се затоа што е во интерес на јужното крило на НАТО, мене не ми е гајле во чиј интерес е тоа. Сигурно не е во интерс на Србија“, рече Вучиќ.

Додаде дека во однос на ЕУ, Србија би можела да стане членка во 2023-та година, но не ја исклучува можноста тоа да се случи и една година порано, доколку ги решат односите со Приштина што претставува главен услов за Европската Унија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари