Во Турција уапсени 412 осомничени курдски екстремисти

Турската полиција во повеќе одвоени акции уапсила 412 осомничени курдски екстремисти, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Акциите се спроведени доцна синоќа во 21 турски провинции.

Министерството во соопштението наведува дека минатата недела во операциите во 13 провинции беа уапсени 131 лице, за кои постоело сомнение дека се припадници на Исламска држава, пренесоа американските медиуми.

Операциите на полицијата следат еден ден откако Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, ја презеде одговорноста за нападот врз полициската станица во Дијарбакир, на југоистокот од земјата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари