Во Белград наскоро состанок за поделба на 51 имот од поранешна СФРЈ

Наскоро во Белград ќе биде одржан состанок за поделбата на имотот на поранешна СФРЈ на која претставниците на државите од поранешна Југослваија ќе разговараат за поделбата на 51 имот, вреден повеќе од 110 милиони долари, најавил генералниот секретар на српското МНР, Вељко Одаловиќ, пренесува РТС.
Поранешна СФРЈ има 123 имоти низ светот кои беа користени како дипломатско-конзуларни преставништва. Меѓу државите кои настанаа по распадот на СФРЈ досега се поделени 72 имоти.

Од српското МНР потсетуваат дека поделбата на имотот на Југославија е прецизиран преку седум анекси: подвижен и недвижен имот, дипломатски и конзуларен имот, финансиски подржужнии, архив, пензија, долг и приватен имот. Од поделените недвижни имоти досега Србија доби 30, Хрватска 18, Словенија и Босна и Херцеговина по 10, а Македонија четири објекти.

Сега на ред е поделбата на 51 имот, бидејќи имотни-правните прашања со државите во кои ти се наоѓаат се уште не се решени. Спорни се и објектите во Адис Абеба, Њу Делхи и Москва. За пет имота околку кои државите се договорија да се продадат, односно два имота во Њујорк и по еден во Германија, Јапонија и Шварјцарија, наследниците на СФРЈ пронајдоа американски агент за недвижнини.

Поврзани

Најнови вести

Коментари