Кариери градени и одржувани со кодошење

Викиликс откри кои српски политичари биле обични информатори на дипломатите

Голем број српски политичари со години ги информирале дипломатите на САД за сè што се случува во државата, владата и партиите. Српскиот Телеграф објавува листа на оние кои тоа го правеле редовно и биле откриени од тајните извештаи што ги објавил Викиликс.

Голем скандал ја потресува српската политичка јавност откако Телеграф изнесе документи до кои дошле во Викиликс според кои врвни српски политичари наместо да ги спроведуваат законите и интересите на државата Србија чии функционери биле, во суштина својата власт ја темелеле на дипломатска поддршка од САД и позицијата ја заработувале како информатори на американските дипломати. Во таа група се функционерои од самиот државен врв: поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ, градоначалникот на Белград Драган Ѓилас, министерот за финансии Младен Динкиќ, министерот за одбрана Драган Шутановац, како и други функционери и неколкумина пратеници од таканаречениот Демократски блок.

Според докумнетите на Викиликс овие функциоенри, и десетина други од понизок ранг, за речиси секоја битна одлука оделе по совет и одобрување во американската амбасада или на средби со американски дипломати во Вашингтон и Европа, патем при средбите давале информации за други политичари, партии и медиуми кои биле од интерес за дипломатите со кои се среќавале.

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ дури добивал и помош во изборната кампања. Според Викиликс, тој ветил кај амбасадорот на САД дека нема во кампањата да се спомнува статусот на Косово, а од францускиот министер за надворешни работи добил ветување дека прогласувањето на независност на Косово ќе се одложи за да не му попречи на Тадиќ во кампањата. Во приватни разговори со специјалните пратеници Полт и Визнер српскиот претседател Борис Тадиќ, според Полт, бил свесен и реален за неопходноста да се признае статусот на независно Косово.

Градоначалникот на Белград Драган Ѓилас и министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ, според Викиликс, отишле најдалеку во соработката како информатори. Во доверлив допис од 6.9.2007 година се наведува дека Вук Јеремиќ на затворена седница на НАТО во Брисел изјавил дека се залага за полноправно членство на Србија во НАТО. Шест месеци подоцна тогашниот американски амбасадор во Белград,  Камерон Мантер, пишува извештај во кој вели дека не треба да се има загриженост поради повремената националистичка реторика на Вук Јеремиќ затоа што, според него, Вук Јермеиќ е докажан човек на НАТО.

Вук Јеремиќ бил и да се жали кај американскиот амбасадор затоа што на состанок претседателот Борис Тадиќ фрлил пепељара врз него лут заради писмото од генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун. 

Освен овие информации, српските медиуми објавуваат десетици документи и линкови за пристап до Викилкс во кои се откриваат врвни српски политичари кои своите кариери ги стекнале и одржувале како информатори на дипломатите во Белград. 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари