(Видео) Турски патнички авион излетал од пистата и завршил во провалија над Црното Море

Патнички авион се излизгал од замрзнатата аеродромска писта по слетувањето во турската провинција Трабзон, информираат светските медиуми.

На интернет се појавија и фотографии и снимки што го прикажуваат патничкиот авион кој имал неуспешно слетување и завршил на калливите карпи надвиснат над Црното Море.

Станува збор за патнички авион од типот „Боинг 737-800“ на „Пегаз ерлајнс“, кој летал од Анкара за Трабзон.

На драматичните снимки, се гледа дека на авионот заглавен во калта му отпаднал еден мотор, а од кабината на пилотите излегува чад.

Сите 162 патници и екипажот биле евакуирани од авионот и се безбедни.

Локалниот гувернер, Јуцел Јавуз, најави истрага која ќе треба да ги утврди причините за оваа необична несреќа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари