Условни казни за потпалувачите на американската амбасада во Белград

Вишиот суд во Белград ги осуди на условни казни затвор од пет до шест месеци четворицата обвинети за палење на американската амбасада во Белград во 2008 година, после митингот „Косово е Србија“, додека тројца се ослободени од обвинението.

Казните нема да се извршат доколку осудените не извршат ново кривично дело во рок од две години.

Осудените се прогласени за криви затоа што ја гаѓале со камења Амбасадата на САД при што ги искршиле прозорците, а потоа фрлиле факли низ прозорците, по што бил предизвикан пожар, наведе судот во образложението на пресудата.

Обвинетите самите ќе ги платат трошоците за постапката, а за ослободените трошоците ќе паднат на товар на буџетот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари