Бугарија

Уапсени радикализирани германски државјани

Над 800 државјани или луѓе со регулиран престој во Германија во последниве неколку години заминале да се борат во редовите на Исламска држава и другите терористички групи во Сирија и Ирак

Бугарската полиција уапсила пет германски државјани, од кои едниот е малолетен, на граничниот премин со Република Турција, Капетан Андреево, јавуваат германските медиуми, цитирајќи бугарски извори.

Групата патувала со воз од Букурешт за Истанбул, а причина за приведувањето биле знаци на радикализација, карактеристични за таканаречените странски терористи.

Според податоци на бугарските служби за безбедност, четворица од уапсените предходно биле инволвирани во давање подршка на терористички групи.

По приведувањето и соодветните проверки четворицата возрасни се протерани во Германија, а малолетниот германски државјанин ќе биде предаден на членови на неговото семејство.

Над 800 државјани или луѓе со регулиран престој во Германија во последниве неколку години заминале да се борат во редовите на Исламска држава и другите терористички групи во Сирија и Ирак.

Поврзани

Најнови вести

Коментари