Уапсени и притворени двајца полицајци поради убиството на Оливер Ивановиќ

Двајца полицајци се уапсени денеска во северна Митровица, објави Косовската полиција.

Во соопштението се вели дека биле осомничени за "манипулирање со докази" и дека се притворени 48 часа.

- Тие беа задолжени да го обезбедуваат местото на убиството и не ја завршија работата како што треба,  изјавил Нијази Реџа, обвинител во случајот.

Косовската полиција вели дека нејзините припадници, "по налог издаден од Основниот суд во Митровица", извршија претрес на две локации во северниот дел на градот и го заплениле пиштол марка ТТ и два касети со девет куршуми 7,62 милиметри.

Медиумите на косовските Албанци објавија дека овие притвори се поврзани со истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари