Турски криминaлци за 10.000 евра купувале српски пасош

На 9 ноември во Нови Пазар бил уапсен Турчин кој преку локалните власти им обезбедил пасоши на над 300 негови сонародници.

Меѓу оние што купиле српски пасоши, постојат и познати имиња на турското подземје. Тие добија вистински српски пасоши на лажни имиња, за што платија 10.000 евра за секој пасош. Со овие пасоши тие биле слободни да патуваат низ цела Европа, дури и ако имало црвени потерници на Интерпол за нив. Цената на српскиот пасош кога идентитетот не бил променет била 2.000 евра, а за пасош сонов идентитет 10.000 евра. Српските институции сега разменуваат информации со Турција и со други европски држави, како и со оние земји каде што на Србите не им е потребна виза. Разменети се информации за употребата на овие пасоши и луѓето кои ги користат.

Канцеларијата на српското обвинителство во Нови Пазар во соработка со Агенцијата за безбедност и информации (БИА) ја завршиле истрагата, во која турскиот граѓанин Умит Јердимчи (42) е обвинет за криминалот. 

Беа уапсени и четири лица регистратори во регионот Рашка - Шабан Хоџиќ од Тутин, Назиф Кахровиќ од Нови Пазар, Вехбо Садиковиќ од Тутин и Ермедин Колашинац од Сјеница.

По сослушувањето во обвинителството во Нови Пазар во притвор се задржани Турчинот Јердимчи и организаторот Кахровиќ кој е обвинет за фалсификување на документи. За другите лица не бил побаран притвор, бидејќи тие го признаале делото во обвинителството. Изработката на пасоши одела преку службени лица во општината Тутин.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари