Хрватска се помалку атрактивна

Туристичките бродови се повеќе го одбегнуваат Јадранот

Најлоши месеци на хрватскиот туризам биле мај и август со 22 отсто пад на посетите на големите туристички бродови

Во август се забележани 96 кружни патувања на странски бродови низ хрватскиот дел од Јадранот, што е за 22 отсто помалку одошто лани во истиот месец, а тоа е тренд на опаѓање на посетите што трае веќе шест месеци, велат податоците од хрватскиот Државен завод за статистика, пишува Јутарњи лист.

Податоците од ДЗС покажуваат и дека во август на тие бродови во Хрватска дошле вкупно 143 патници, што е за околу 27,5 илјади или 16 отсто помалку од лани.

Во првите осум месеци годинава кружни патувања имало за 16,2 отсто помалку одошто лани. Вкупно се забележани 431 кружно патување, што е 87 помалку од истиот период претходната година.

За осум месеци на тие патувања во Хрватска дошле околу 610 илјади патници што е за 14 отсто или околу 97 илјади помалку од претходната година. Освен тоа, бродовите во Хрватска престојувале и пократко време, вклупно 964 денови или 18 отсто помалку денови одошто во ланските осум месеци.

Според знамињата на земјите, најмногу кружни патувања по Јадранот имало под знамето на Бахами – 109, Малта – 100 и Италија – 61.

Најголема посетеност во првите осум месеци од годинава, како и во претходните години, забележал Дубровник, вклупно 355 посети на крузери, додека на второ место е Сплит со 138 посети, а трета Корчула со 91 посета.

Во пристаништето Хвар имало 77 посети на крузери, во Задар 70, а во Шибеник 57, а само поедна посета од вакви бродови имало на Вис, Шипан, Скрадин, Сењ, Паг, Црес и Бол.

Од почетокот на годината кружните патувања на странски бродови повеќе од лани имало само во февруари, и тоа само осум што е за едно повеќе од лани, додека во јануари бројката била иста, а во другите месеци значително помала.

Најлоши месеци на хрватскиот туризам биле мај и август со 22 отсто пад на посетите на големите туристички бродови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари