Турција врати на работа 1.800 државни службеници

Турција денеска врати над 1.800 државни службеници кои останале без работа за време на чистката по обидот за државен удар во 2016 година, откако било утврдено дека не се поврзани со мрежата на самопрогласениот верски лидер Фетулах Ѓулен, обвинет дека стои зад обидот за пуч.

Ѓулен ги негираше тие обвинувања против него и го осуди обидот за државен удар. По обидот за пуч, во Турција беа приведени илјадници државни службеници, професори, полицајци, доктори и други.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари