Трагедија во Белград

Тројца млади се удавија во Дунав, повреден син на позната водителка

12: 30 Дваесет годишниот Лука, инаку син на познатата српска новинарка и авторка на емисијата „Впечаток на неделата", Оља Бечковиќ, е еден од шестмината млади луѓе кои утрово со автомобилот завршија во Дунав.

Немања (18), 16-годишната А.С. и Милош (20) не ја преживеаја тешката несреќа.

Меѓу двете момчиња и девојката кои поминаа само со полесни повреди, е и Лука кој заработи скршеница на левата надлактица.

11:30 Трагедија во Дунав: Една девојка се удави, по две лица се трага

Автомобил БМВ во кој се возеле шест лица на возраст од 16 до 20 години во раните утрински часови влета во Дунав, кај населбата Ада Хуја во Белград.

Три лица успеале да испливаат од потонатиот автомобил, нуркачите пронајдоа тело на една девојка се трага по две лица.

Несреќата се случила утрово околу 3 часот и 40 минути кај еден ресторан. Извлечени се 19-годишно момче со хипотермија и знаци на агресија, 18-годишна девојка, исто така, со хипотермија и момче од 20 години со хипотермија и скршеница на левата надлактица.

Според последните информации автомобилот е пронајден и се чека кранот со кој ќе се извлече од водата и е се види дали останатите патници останале заробени во него.

Возачот на автомобилот бил на возраст од 19 години и се наоѓа на испрашување кај истражен судија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари