Фото+Видео

ТРАГЕДИЈА: Македонка загина на автопатот Белград – Ниш, повредени уште 3 лица

Македонска државјанка загина, а три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Белград-Ниш кај Умчари. Според српските медиуми, несреќата се случила кога автомобилот ауди-А6 со македонски регистерски таблички излетал од патот, на пет километри од излезот кон Умчари, на автопатот кој е во правец на Ниш.

Во возилото имало четворица државјани на Македонија на возраст од 30 до 35 години кои од Белград се враќале кон Македонија. Повредените се пренесени во Ургентниот центар.

Двајца од патниците се во тешка состојба и се борат за живот во Ургентиот центар. Во каква ситуација е возачот на автомобилот, нема информации, јавуваат српските медиуми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари