Тајната на успехот на исламското банкарство е... Каматата не се пресметува однапред!

Каде што престанува логиката на класичното, настапува логиката на исламското банкарство. Каматата не се пресметува однапред. Ако алчноста на банкарите е причина за кризата, дали светот извлече поука? Судејќи според се попопуларното исламско банкарство, кое забранува камати, изгледа дека е така.

А во тоа е тајната на успехот, бидејќи ниту една банка од тој тип, чии ограноци постојат и во нашиот регион, не пропадна. И додека исламското банкарство и исламскиот маркетинг се изучува се повеќе и на постдипломски студии на Оксворд, а Лондон станува центар на исламското банкарство каде веќе се вртат 2000 милијарди зелени банкноти, некои принципи на исламското банкарство наоѓаат место и во нашиот Закон за здружен труд. Пред 40 години тогашните организации на здружен труд го делеле ризикот, но и добивката со банките.

Во Би-Би-Ај банката во Сараево тврдат дека финансирањето на недвижнините низ партнерски однос и рента наместо однапред договорени камати, е најслично на изворното исламско банкарство.

Зијад Чосиќ од Сараево, каде постои можност за такво работење, вели дека е задоволен со банката, иако законите на Босна и Херцеговина не дозволуваат целосна примена на принципите на тој вид на банкарство. Чосиќ вели дека банката учествува во бизниси и проекти така што го гледа успехот на самиот претприемач, а не само за каматата.

- Или на пример, некој друг сегмент кој е поврзан за затезната камата која другите банки ја наплатуваат 10 до 12 отсто, тука се на ниво од два отсто и тие одат во хуманитарни цели со цел да се решат некои социјални сегменти во општеството – рече Чосиќ.

Во Би-Би-Ај банката во Сараево тврдат дека финансирањето на недвижнините низ партнерски однос и рента наместо однапред договорени камати, е најслично на изворното исламско банкарство. Тоа е многу поприфатливо од ладниот пристап каде банките гледаат да се збогатат пред да потоне клиентот.

- Ако на пример, ние даваме 90 отсто, а вие 10 отсто за таа куќа, таа куќа ја купуваме заедно во партнерство. Оние 90 отсто кои јас сум ги купил како банка, јас ги изнајмувам на вас и ви наплатувам рента. Јас заработувам на таа рента. Не заработувам на каматата. Значи, јас секогаш заработувам на некоја економска операција која има смисла и која има вредност која не е имагинарна – објасни Амер Буквиќ, директор на Би-Би-Ај банката.

Клиентот може да има тековна сметка, која банката ја чува и одржува. Може да депонира пари и за тоа банката може, но и не мора да наплати провизија. Исто така, на клиентот му се пресметува камата на депозитите и заштедата, а нема ни заплена на имот ако не успее да го врати кредитот.

- Кога се работи за штедна сметка, тој кој инвестира во штедењето не добива никаков надомест и провизија од каде се обезбедуваат значајни средства освен во случај ако како на клиент му отвориме т.н. инвестициска сметка, изразиме подготвеност банката да управува со нашите средства како инвестициски фонд и во зависност од резултатите кои банката како управувач ќе ги оствари, ние добиваме одреден профит – рече Хасан Ханиќ, директор на Белградската банкарска академија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари