Изговори и одолговлекувања

Тахири: Нема дијалог со Србија до формирањето на новите институции

Меѓународните претставници во контиунитет бараат што е можно побрзо да продолжи дијалогот меѓу Приштина и Белград, бидејќи на неговиот застој се гледа како на сериозен проблем

Меѓународните претставници во контиунитет бараат што е можно побрзо да продолжи дијалогот меѓу Приштина и Белград, бидејќи на неговиот застој се гледа како на сериозен проблем, но Косово нема можност да го стори тоа бидејќи е во процес на формирање на институциите по предвремените парламентарни избори одржани на 11 јуни.

Според косовската министерка за дијалог, Едита Тахири, единствен одговор на ваквите барање на меѓународните претставници е дека за Косово во моментов приоритет е формирањето на новите институции, па дури потоа продолжување со домашната и меѓународната агенда, вклучувајќи го и дијалогот.

- За Косово во овој миг приоритет е формирањето на новите институции по спроведените национални избори и откако ќе се формираат новите институции во агендата на Косово се низа прашања кои се поврзани со домашната, но и со меѓународната агенда, посочи Тахири.

Според неа, дијалогот меѓу Белград и Приштина придонесува за евроатлантската интеграција на Косово, поради што новата Влада во својата агенда ќе го има и него.

- Меѓу овие прашања секако е и продолжувањето на дијалогот за пријателство и мир со Србија, бидејќи е дијалог кој придонесува за евроатланската интеграција на Косово, но и за воспоставување добрососедство и историски мир меѓу двете држави, Косово и Србија, изјави Тахири.

ЕУ: Косово нема време за губење

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич ги повика косовските партии што е можно побрзо да го конституираат Парламентот, порачувајќи дека Косово нема време за губење.

Таа ги повика политичките партии да го почитуваат Уставот на Косово.

- Косово нема време за губење и треба да се забрза процесот за формирање институции, рече Коцијанчич.

Најнови вести

Коментари