Тачи се сомнева во правдата на Специјалниот суд на Косово, бара формирање на армија

Претседателот на Косово, Хашим Тачи повторно ја оспори кредибилноста на Специјалниот суд за воени злосторства во земјата, велејќи дека тој е создаден под притисок на меѓународната заедница.

Тачи изрази уверување дека Специјалниот суд нема да биде во можност да го постигне она што го прокламира – зајакнување на чувството за правда за жртвите на војната.

„Ако зборуваме за правда, на која инсистира меѓународната заедница, тогаш би требало да бидат создадени 100 такви судови само за злосторства кои Милошева Србија ги извршила во балканските земји”, рече Тачи.

Во рамките на годишното обраќање пред претставници на силите за безбедност  на Косово, Тачи уште еднаш изрази мислење дека земјата треба да има модерна армија, која ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот и во светот. Истовремено, тој додаде дека формирањето би се одвивало во координација со НАТО и меѓународните партнери на Приштина.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари