Тачи: Годинава ќе постигнеме историски договор со Србија

Косово очекува до крајот на оваа година да ги реши контроверзните прашања со Србија и да постигне историски договор. Косовскиот премиер, Хашим Тачи, во интервју за „Ројтерс“ рече дека договорот меѓу Приштина и Белград ќе резултира со целосна нормализација на односите.

„Договорот меѓу Косово и Србија, што верувам дека ќе се постигне во 2018-та година, ќе биде историски и сеопфатен. Резултатот ќе биде членството на Косово во Обединетите Нации“, рече Тачи.

Косово прогласи еднострана независност на 17 февруари 2008 година. Тоа беше признато од страна на повеќето земји-членки на Европската унија и САД. Нормализирање на односите меѓу Косово од Србија е клучен услов за пристапот на Белград во Европската Унија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари