Милица Јокиќ

Таа го преживеа БМВ-то на смртта: Тоа беше борба за живот!

Во Вишото обвинителство во Белград во својство на сведок во истрагата за несреќата во која кај Ада Хуја настрадаа тројца млади луѓе, сведочеше нивната другарка Милица Јокиќ, која го преживеаја потонувањето на BMW-то во Дунав. Деталите за сведоштво на девојката, сега никој не сака да ги зборува, но според неофицијални информации, Милица Јокиќ, иако се уште е потресена од смртта на пријателте, ги раскажала сите детали од хоророт во несреќата.

Според нејзиното сеќавање, Душан Јовановиќ, кој го возел автомобилот иако немал возачка дозвола, не видел дека патот завршува и дека реката е пред нив. Сфатиле дека се во опасност во моментот кога БМВ-то почнало да тоне во водата. Во паника, сите почнале да се борат за своите животи, и дурио кога било доцна за спас, тие сфатиле дека тројца нивни пријатели се удавиле во потонатиот автомобил.

Во БМВ на 22 ноември се удавија Анастасија Стајиќ (16), Немања Антиќ (18) и Милош Јанковиќ (20).

Покрај Милица Јокиќ и возачот Душан Јовановиќ, кој е во притвор, од потопениот автомобил успеал да се спаси и Лука Вишњиќ.

Душан Јовановиќ, на сослушувањето претходно изјави дека се кае за што таа кобна ноќ се случило, и дека тој бил свесен за својата вина, додека Лука Вишњиќ се уште е сослушан. Покрај Милица Јокиќ, како сведоци беа слушани и нуркачите од жандармеријата, кој објасниле каде ги нашле жртвите по несреќата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари