Според спогодбата со Обвинителството

Светозар Маровиќ има рок до средината на септември да исплати еден милион евра

Поранешниот претседател на поранешна СР Југославија Светозар Маровиќ има рок до средината на септември да исплати 1,1 милиони евра во буџетот на Црна Гора, врз основа на спогодбата, што тој ја потпиша со специјалното обвинителство, со која признава дека организирал криминална група, која на општината Будва и нанела штета од еден милион еврa

Поранешниот претседател на поранешна СР Југославија Светозар Маровиќ има рок до средината на септември да исплати 1,1 милиони евра во буџетот на Црна Гора, врз основа на спогодбата, што тој ја потпиша со специјалното обвинителство, со која признава дека организирал криминална група, која на општината Будва и нанела штета од еден милион евра.

Адвокатот на Маровиќ, Здравко Беговиќ изјави за весникот „Побједа" дека ако Маровиќ не го стори тоа до договорениот рок, судот ќе треба да одеземе дел од имотот на Маровиќ, заложен како хипотека.

Со истата спогодба за признавање на вината Маровиќ се согласи да одлежи три години и девет месеци затвор, но не е познато кога ќе се случи тоа поради неговата здравствена состојба.

Беговиќ изјави дека неговиот клиент се наоѓа во специјализирана Психијатриска болница на лекување, кое се уште трае.

Поврзани

Најнови вести

Коментари