Па така и Турција

Столтенберг: Членките на НАТО сами одлучуваат каква опрема да купуваат

Земјите-членки на НАТО сами одлучуваат каква опрема да купуваат, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во врска со договорот на Турција со Москва за набавка на руски ракетни одбранбени системи С-400

Земјите-членки на НАТО сами одлучуваат каква опрема да купуваат, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во врска со договорот на Турција со Москва за набавка на руски ракетни одбранбени системи С-400.

- Каква опрема ќе набават сојузниците зависи од нив самите. Тоа е национална одлука на Турција, изјави Столтенберг.

Тој додаде дека за НАТО е важно различните системи да се компатибилни.

- Не е доставено никакво барање за интеграцијата на С-400 во системот за воздушна одбрана на НАТО. Поради оваа причина прашањето се уште не е ставено на маса, додаде генералниот секретар на НАТО.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во вторникот изјави дека Анкара веќе уплатила депозит за купување на руските ракетни одбранбени системи С-400. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари