Стефановиќ: Опасна е изјавата на Изетбеговиќ

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ изјави дека очекува српскиот претседател Александар Вучиќ, во наредните 48 часа, да свика Совет за национална безбедност, за да разгледа какви чекори ќе преземе во иднина и какви ќе бидат односите кон Босна и Херцеговина, по најавата на членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, дека Босна и Херцеговина ќе ја признаат независноста на Косово.

„Би сакал тоа да не е точно и да се работи за лоша интерпретација на изјавата на Изетбеговиќ, бидејќи, ако е вистина, тоа е еден од најтешките удари, што можат да ѝ бидат нанесени на Србија од една соседна земја“ рече Стефановиќ за „Вечерње новости“.

Според него, тоа не може да биде ниту добронамерно, ниту позитивно во односите меѓу Србија и БиХ.

„Не знам дали Изетбеговиќ разбира колку ги комплицира и усложнува ситуациите во регионот, не само односите меѓу двете земји, туку и меѓу двата народа. Особено по сите позитивни сигнали, кои претседателот и владата на Србија ѝ ги пружија на БиХ, по сите позитивни работи што ги направивме во меѓународната соработка“ нагласи Стефановиќ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари