Додека Тачи бара албански државјанства

Стаса одговорот од западните амбасади: На Косово ништо не сме му ветиле

Побарав од Мета, врз основа на Уставот, граѓаните да добијат (албанско) државјанство, бидејќи Европа покажа неправда кон Косовците. Албанија е единствената надеж", ја пренесе РТС изјавата на Тачи на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател

Ден откако косовскиот претседател жеското ја критикуваше меѓународната заедница поради неисполнети ветувања кон Косово, ЕУ, САД и Велика Британија укажаа на неуспесите на Приштина за кои, како што велат, е одговорен Хашим Тачи, пишува приштински "Коха".

Според весникот, ЕУ, САД и Велика Британија ги отфрлиле наводите на Тачи дека Специјалниот суд за злосторства на ОВК е формиран под нивни притисок и дека во врска со тоа имало политичка трговија. Амбасадата на Британија негираше дека им давала какви било ветувања на институциите во Приштина во замена за формирањето на Специјалниот суд, а што се однесува до членството на Косово во меѓународните организации тоа зависи од специфичните критериуми на секоја од тие организации.

Портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич изјави дека европската перспектива на Косово зависи од тоа колку бргу Приштина ќе ги спроведе реформите во областа на владеење на правото и економијата.

Во меѓувреме, претседателот на Косово Хашим Тачи, побара од претседателот на Албанија, Илир Мета, да им овозможи на граѓаните на Косово да добијат државјанство од оваа земја, јави РТС од Приштина.

-Побарав од Мета, врз основа на Уставот, граѓаните да добијат (албанско) државјанство, бидејќи Европа покажа неправда кон Косовците. Албанија е единствената надеж", ја пренесе РТС изјавата на Тачи на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател, кој е во посета на Приштина.

Тачи „во контекст на ова барање уште еднаш ја искритикува Европската Унија поради условувањето на либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово".

Во заедничката изјава Тачи и Мета наведоа дека се залагаат за „продолжување на последната фаза на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, повикувајќи на обновување на ангажирањето на ЕУ и со непосредно учество на САД". Целта е Србија „конечно да го признае Косово како суверена и независна држава", што е оценето како „процес што ќе има позитивно влијание за целиот регион".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари