Кралска свадба

Српскиот принц Џорџ Караѓорѓевиќ се ожени

Во Опленац викендот се венчаа принцот Џорџ Караѓорѓевиќ и Британката Фелон Рајман. По црковната венчавка Белата палата организираше прием за повеќе од 300 гости од земјата и од странство

Во Опленац викендот се венчаа принцот Џорџ Караѓорѓевиќ и Британката Фелон Рајман. По црковната венчавка Белата палата организираше прием за повеќе од 300 гости од земјата и од странство.

На свадбата на принцот Џорџ, син на починатиот Томислав Караѓорѓевиќ и принцезата Линде, со Фелон Рајман присуствуваа кралското семејство, преставници на Владата и на Собранието на Србија,на српскиот јавен живот, како и странски дипломати.

Домаќини на церемонијата беа принцот Александар Караѓорѓевиќ и принцезата Катарина кои им посакаа на младенците среќа во бракот.

-Ви благодариме што сте со нас на овој посебен ден кога го славиме бракит меѓу Фелон и Џорџ. Тие сега си ветија дека ќе го поминат заедничкиот живот во љубов, хармонија и взаемно почитување, изјави принцот Александар на церемонијата.

Младиот пар веќе имаше една свадбена церемонија во Шкотска во јули минатата година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари