Србите не веруваат во ЕУ, а за Албанците таа е добар концепт

Најголемите евроскептици во Западен Балкан се Србите, покажува европското истражување, додека косовските граѓани, кои се сметаат за посебни, како и Албанија, се најмногу фокусирани на Европската унија (ЕУ).

Истражувањето на програмата Хоризонт 2020 на ЕУ вели дека Србија на Западен Балкан води на патот "ЕУ носи корист и добра е само за оние кои се богати и моќни". Речиси 60 отсто од испитаниците го сметаат тоа, и резултатот за евроскпетичноиста на Србија дека тие најмлку и веруваат на ЕУ. Македонците се исто така скептични и недоверливи кон Европската Унија, дури 50 отсто се сомневаат во предносите и понудата на Унијата до другите земји, додека кај Албанците има многу малку сомневање во Европската унија, и најголема доверба е забележана токму меѓу нив.

Според извештајот, Србите во Европската Унија гледаат и закана кон нив, како во однос на културниот идентитет, така и во економијата, додека најмалку се плашат дека Унијата ќе го загрози нивниот културен идентитет имаат испитаниците од Албанија, кои меѓу учесниците во анкетата најмалку сметаат дека ЕУ е лоша за нивната економија.

Истражувањето покажа дека Црногорците, иако тие се најблиску до влезот во Европската унија, се повеќе скептични отколку граѓаните на Косово и Албанија, и дека слични позиции во сите три области имаат Македонија и Босна и Херцеговина, кои не се толку евроскептици како случајот со Србија , ниту како Србија тие гледаат со страв од таква закана од ЕУ за нивната економија и културен идентитет.

Поврзани

Најнови вести

Коментари