Србија и Косово ќе ги продолжат преговорите во Брисел

Делегациите на Косово и на Србија ќе ги продолжат средбите на 16 јануари во Брисел . Веста за тридневниот состанок ја соопшти Авни Арифи, назначен за шеф на преговорите со Србија од косовската влада. Преговорите ќе ги води косовскиот претседател, Хашим Тачи, а Владата ќе има улога во спроведувањето на постигнатите договори.

Дијалогот меѓу Косово и Србија за техничките прашања, започна во март 2011 година, за прв пат по прогласувањето на независноста во 2008 година. Меѓу првите договори беа за интегрираното гранично управување и за слободно движење. Косово и Србија го постигнаа првиот договор за нормализирање на односите во април 2013 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари