Соботка: ЕУ не смее да заборави на оние кои чекаат да ѝ се придружат

Европа ако сака да остане обединета, не смее да заборави на оние кои чекаат пред нејзините врати, а Западен Балкан повеќепати покажа дека е подготвен да соработува во поглед на потребните реформи и ЕУ би требало да ги прими земјите од тој регион, веднаш штом ги исполнат критериумите, порача чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

„Сите тие заслужуваат иста шанса за европска иднина каква што ѝ е пружена и на Чешка. Не мора уште утре да се придружат на друштвото, но и ние мораме да ја држиме вратата отворена“ истакна Соботка.

Чешкиот премиер предупреди дека воспоставувањето на „Европа во две брзини“, во која мала група на држави членки на ЕУ би се стремела кон блиска интеграција, додека тие кои не се подготвени да ги следат во тоа, останале на периферија, била грешка и тоа опасна.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари